Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво електрично теренско возило на Тесла: Сајбертрек е отпорен на куршуми со калибар од 9 мм.

0
By Нова ТВ on November 22, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Елон Маск, основач на производителот на електро автомобили Тесла, синоќа во Лос Анџелес го презентира новиот автомобил наречен „Сајбертрак“. Автомобилот е пикап верзија на теренец за транспорт на патници и стоки и целосно е направен од челик со блиндирани стакла. Пред присутните на свеченоста повика вработен во компанијата да ја демонстрира издржливоста на шасијата и стаклата пришто автомобилот издржа удари со голем чекан – стаклото не се скрши, а на шасијата немаше длабнатини и гребнатини.

Носечката конструкција на електро пикапот е направена од ладновалан нерѓосувачки челик без нанесување боја наречен и „егзоскелет“. Истиот челик е употребен во ракетата „Старшип“ со која компанијата на Маск планира да испрати луѓе на Месечината и на Марс.

Стаклата, поставени одделно, пукнаа, но не се скршија ниту на тест за издржливост со употреба на голема метална топка што главниот конструктор, Франц фон Холцхаузен ја испушти од висина од неколку метри. И покрај тоа што тестот не успеа, Маск укажа дека топката се одбила и не завршила во внатрешноста на автомобилот. Истакна и дека шасијата на „Сајбертрак“ е непробојна за куршуми со калибар од 9 мм.

Автомобилот ќе се продава во три верзии, со еден, со два или со три електрични мотори. Во зависност од моделот, батериите ќе бидат со досег од 402, 482 и 805 километри. Пикапот со максимална дополнителна опрема може да постигне брзина од 96,6 километри на час за 2,9 секунди. Цената на најефтиниот модел е од 39,900 американски долари, додека тромоторниот ќе чини 69,900 долари. Производството на „Сајбертрак“ е планирано да започне кон крајот на 2021 година.

Тесла се обидува да привлече клиенти од најпобаруваниот сегмент на пазарот со автомобили во САД – теренските возила, каде примат имаат „Џенерал Моторс“, „Форд“ и „ФЦА“. Првите модели на електрични пикапи од „Форд“ и „Џи-Ем“ е планирано да се појават во продажба кон крајот на 2021 година.

На синоќешната презентација Маск изјави дека дизајнот на „Сајбертрак“ личи на модификувана верзија на автомобилот Лотус Еспирит од филмот со агентот Џемс Бонд „Шпионот кој ме сакаше“. Шасијата пак, обоена со ретки бои за нерѓосувачки челик, е слична на Делорен ДМЦ-12, автомобилот од трилогијата „Враќање во иднината“, чиј производиел подоцна банкротира.

автомобил презентација Сајбертрек Тесла тест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.