Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПССЕ: Намален притисокот врз новинарите и медиумите во С.Македонија

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неприфатливо е во денешна Европа на човековите права, десетици новинари да се физички напаѓани, самоволно затворени, па дури и убиени, а одговорните за овие злосторства најчесто поминуваат неказнети. Заканите, вознемирувањето, законските и административните ограничувања и непотребните политички и економски притисоци врз новинарите се вообичаени, се вели во извештајот на Пaрламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) посветен на заканите за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Известувачот на ПССЕ, британецот Џорџ Фулкес, смета дека сите земји-членки на Советот на Европа мора ефикасно да ја гарантираат безбедноста на новинарите, да создадат средина погодна за слободата на медиумите и да спречат злоупотреба на законите или нормативните одредби што можат да влијаат на таа слобода, без која не постои и нема демократија. Правото на новинарите да ги заштитат своите извори мора да биде загарантирано, полициското насилство врз новинарите мора да биде осудено и санкциите против слободата на медиумите мора да бидат обесхрабрени.

Во извештајот на ПССЕ ретки се земјите кои се поштедени од критиките и во кои не е забележано насилство или притисок врз новинарите.

Во однос на медиумското опкружување како целина, ПССЕ  го спомна случајот со Македонија: дури и ако работата на новинарите останува прилично тешка и несигурна, оваа земја-членка се издвојува од 2018 година од другите земји од поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите, се вели во извештајот на Фулкес.

Тоа е преточено и во предложената резолуција ПССЕ во која се поздравува досега конструктивниот став на голем број на земји-членки кон Платформата на СЕ за новинарите. На пример, Франција и Украина воспоставија механизми за да координираат соодветен одговор на предупредувањата и да најдат решенија. Во Холандија, обвинителството, полицијата и печатот склучија договор за усвојување на превентивни мерки и да ги координираат одговорите на акти на насилство.

„Исто така, треба да го поздравиме охрабрувачкиот напредок постигнат во Северна Македонија, каде притисокот и гонењето на новинарите значително се намалија“, стои во докумeнтот.

За ситуацијата во Македонија во извештајот на ПССЕ се нагласува дека на 18 февруари 2017 година, двајца новинари на порталот А1он, Александар Тодевски и снимателот Владимир Зелчевски, беа претепани во Скопје додека покриваа демонстрации пред парламентот. Новинарот на НоваТВ, Борјан Јовановски, бил навреден и плукан во лицето. На 27 април 2017 година, пак, за време на националистичка демонстрација во Скопје бе нападнати Димитар Тануров, новинар на интернет-новинската агенција Мета и Никола Ордевски, снимател на новинската агенција „Макфакс“. Вкупно на 21 новинар им биле упатени закани или им било попречено известувањето на местото на настанот. Има случаи и на закани и вознемирување на Твитер, Фејсбук, итн.

Известувачот нагласува дека „поранешниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги опиша своите противници како предавници, покрај серијата напади врз медиумите во февруари 2017 година. Двајца новинари беа претепани на 28 февруари 2017 година во Скопје и никој не беше гонет“, се наведува во извештајот.

Платформата на Советот на Европа за зајакнување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите предупредување е основна алатка за соработка која помага да се анализира состојбата во земјите членки и да се идентификуваат позитивните и негативните трендови. Земјите-членки мораат брзо и ефикасно да одговорат на сигналите издадени од Платформата и да соработуваат со добра волја со истата.

 

медиуми новинари параламентарно собрание притисок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.