Разрешениот претседател на каталонската Влада, Карлес Пучдемон, кој пребега во Брисел за да ја избегне судската истрага што Шпанија ја покрена против него поради обидот за отцепување на Каталонија, изјави дека новите технологии ќе му помогнат да раководи од Белгија.

Пуџдемон повторно сака да се врати на неговата функција.

Обидот за отцепување на Каталонија, што го спроведе Пучдемон преку референдум, ги натера шпанските власти да ја распуштат каталонската Влада и да распишат предвремени избори. На изборите, приврзаниците на отцепувањето на Каталонија освоија мнозинство.

Централната влада во Мадрид најави дека ќе го спречи враќањето на Пучдемон на власт, па дури ако биде потребно и по судски пат.