Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон пристигна во Копенхаген, јави данската телевизија ТВ-2.
Во петокот, Шпанија побара апсење на Пучдемон ако тој пристигне во земјата, каде се очекува да учествува во дебата на локален универзитет, посветена на Каталонија.
На 5 декември лани, шпанскиот Врховен суд побара апсење на Пучдемон, со национална и меѓународна потерница. Тоа значи дека ако се врати во Шпанија или ја напушти ЕУ, тој треба да биде уапсен и вратен во својата татковина.
Шпанија бара Пучдемон да одговара по обвинувањата за бунт, злоупотреба на јавни средства и повредата на довербата, откако каталонската Влада прогласи еднострана независност кон крајот на минатата година.