Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин и Трамп со заеднички напори за решавање на конфликтот во Сирија

0
By Нова ТВ on November 11, 2017 СВЕТ
фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на маргините од вториот ден од Самитот за Азија – Пацифичка економска соработка (АПЕК) кој се одржува во Виетнам, разговараа и во заедничко соопштенија ја потврдија заложбата за решавање на состојбата во Сирија.

Во соопштението се наведува дека претседателите ја потврдуваат нивната решеност да се борат со Исламската држава со цел да се постигне конечна победа над неа, како и да се почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија.

Според изјавата на претседателите,  за конфликтот во Сирија не постои воено решение и тие се согласиле оти конечното политичко решавање на конфликтот во Сирија треба да биде во рамките на процесот на Женева и во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН.

Во заедничкото соопштение е договорено продолжување на користењето на постоечките воени комуникациски канали за да се осигури безбедноста на американските и руските војници, како и да се спречат опасните инциденти со партнерските сили кои се борат против Исламската држава.

Претседателите ја потврдија важноста на де-ескалираната зона во Сирија како привремена мерка за намалување на насилството и создавање услови за мирно решение за земјата.

Во соопштението е наведено дека Трамп и Путин разговарале за формирање на де-ескалациони зони и на југозападниот дел од Сирија, како што беше договорено за време на состанокот на 7јули во Хамбург.

Двајцата претседатели ги повикаа сите земји-членки на ОН да ја зголемат хуманитарната помош за Сирија во наредните месеци и да го поздрават меморандумот од 8 ноември на Центарот за мониторинг на Аман, потпишан од САД, Русија и Јордан, со цел да ја поддржат успешната иницијатива за прекин на оган во јужна Сирија.

Владимир Путин воен конфликт Доналд Трамп политичко решение Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.