Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин со пораки до Трамп и Џонсон: Некогаш бевме заедно на првата линија, тоа е потребно и денес

0
By Нова ТВ on May 8, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин упати пораки до претседателот на САД, Доналд Трамп и до британскиот премиер Борис Џонсон по повод 75-годишнината од Втората светска војна.

Путин во пораката до Трамп наведува дека Русија и Америка можат многу да придонесат за глобалната стабилизација на првата борбена линија против глобалните предизвици.

„Русија и Америка денес се наоѓаат на првите борбени редови со глобалните предизвици. Следејќи ја традицијата на соработка, чии темели беа поставени за време на војната, дејствувајќи во „духот на Елба“, нашите земји би можеле да направат многу за да обезбедат глобална безбедност и стабилност“, се вели во пораката.
Како што соопшти Кремљ, Путин нагласил и дека Русија се сеќава на придонесот на заедничката победа на сојузниците во антихитлеровската коалиција и додава дека советско-американската соработка на бојното поле никогаш нема да биде заборавена.
Во пораката, пак, до британскиот премиер Џонсон, Путин вели дека соработката за време на војната била непроценлива, што, според него, е потребно и денес.
„Големата победа е најважниот настан на 20. век и од вечно значење е за судбината на целото човештво. Победата беше постигната благодарение на заедничките напори на Советскиот Сојуз и земјите од антихитлеровската коалиција. Тоа непроценливо искуство многу ни е потребно и денес“, вели Путин.
Тој изрази уверување дека сеќавањето на братството од времето на војната може да послужи и за развој на конструктивен дијалог меѓу Велика Британија и Русија и соработка во борбата против современите предизвици.
Борис Џонсон Владимир Путин Втора светска војна Доналд Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.