НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин во поход да обезбеди четвртина век на чело на Русија

0
By Нова ТВ on March 18, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Русија започна гласањето на претседателските избори, по кои се очекува актуелниот претседател Владимир Путин да ја зацементира својата власта за уште шест години.

Први беа отворени гласачките места на Далечниот Исток. На денешните избори право на глас имаат 109 милиони гласачи во 11-те временски зони на најголемата држава во светот.

Путин е на дофат на четвртиот претседателски мандат и веќе е лидер кој најдолго останал на власт, од времето на советскиот диктатор Сталин. Победата ќе значи дека тој ќе ја води Русија до 2024 година, по што тој е уставно обврзан да се повлече.

Путин веќе гласаше во Москва, при што изјави дека е сигурен во исправноста на курсот што го предлага за иднината на земјата, пренесе државната новинска агенција РИА-Новости.

Кои се кандидатите

На гласачкото ливче има осум кандидати- 7 противкандидати на Путин. Меѓу нив има искусни политички пензионери, но и почетници. Во последните се вбројува и Павел Грудинин, 57-годишен политичар, шеф на една земјоделска фарма во близина на Москва, кого Комунистичката партија (КПРФ) набрзина го претстави како кандидат, иако не е член на оваа партија.

Според државните институти за испитување на јавно мислење тој со околу 6 насто од гласовите би можел да биде на второто место, зад Путин, иако други му предвидуваат многу подобри резултати, токму поради тоа што е ново лице и што со својот умерен став добро поминува кај голем број Руси.

Очигледно и Кремљ стравува дека Грудинин можеби би можел да ја загрози предвидливата победа на Путин, поради што државните медиуми во последно време остро го напаѓаа – не поради тоа што е „сталинист“, туку поради банкарските сметки во странство.

Како главен конкурент на Грудинин за второто место  е Владимир Жириновски, најстар по стаж од сите моментални кандидати.

71- годишниот лидер на десничарската Либерално-демократска партија на Русија (ЛДПР) учествуваше и на изборите во 1991 година. Жириновски официјално е во опозиција, но веќе одамна е дел од естаблишментот и е на иста линија со Кремљ. Неговите настапи, во кои на Западот често му се заканува со атомски напади, се составен дел од руските телевизиски дискусии. Така тој му помага на Путин да делува како умерен и разумен политичар. Жириновски всушност не е вистински противник и конкурент.

Речиси исто толку долго како Жириновски и Григори Јавлински се обидува да стане претседател на Русија. Има 65 години, како и Путин. И тој е во политиката од раните 90-ти години. Соосновачот на десно- либералната партија „Јаблоко“ последен пат на изборите настапи во 2000 година и со 7 проценти освоени гласови- беше на третото место. Јавлински важи за прозападно ориентиран политичар, кој никогаш не успеал да ги освои широките народни маси. Бројот на неговите избирачи меѓу Русите дури и опаѓа.

Борис Титов е еден од најмладите кандидати. На изборите во 2000 година освои 1,5 насто од гласовите. Овој пат би требало да биде слично. Титов ги застапува интересите на младата десно либерална „Партија на растот“, која не игра некоја посебна улога на руската политичка сцена и која досега немаше поголеми успеси на изборте. Титов направи кариера како деловен човек. По налог на претседателот, тој од 2012 година ги застапува правата на руските претприемачи.

Сергеј Бабурин иако со  59 години, уште во 90-тите беше заменик на претседателот на парламентот и беше познат конзервативен политичар, но подоцна се повлече. Бабурин е лидер на малата национално- конзервативна Серуска народна унија, која го поддржува Путин во внатрешната и во надворешната политика.

36-годишната Ксенија Собчак не е специфична кандидатка на овие избори само поради тоа што е единствена жена. Таа е ќерка на некогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатоли Собчак, кој важи за ментор на Путин. Во почетокот беше позната како лице од шоу-бизнисот, со време се профилираше како опозициска новинарка. Меѓутоа, таа не е професионална политичарка. Собчак во кампањата вели дека на сите оние на кои не им се допаѓа ниту еден кандидат- треба да гласаат за неа и притоа внимателно го критикува шефот на Кремљ.

Откако ја најави кандидатурата, таа има неограничен пристап до медиумите. Многумина тоа го толкуваат како поддршка од страна на Кремљ. Се претпоставува оти Собчак би требало да ги собере разочараните, во дел младите поддржувачи на Навални.

Во новите лица на овие избори се вбројува и Максим Сурајкин. Овој 39-годишник е претседател на партијата „Комунисти на Русија“ основана во 2009 година, која се позиционираше како алтернатива на етаблираната „Комунистичка партија на Русија“. КПРФ им префрла на „Комунистите на Русија“ дека се проект на Кремљ кој би требало да ги ослаби старите комунисти.

Слаб одѕив

Сеппак Кремљ многу повеќе е загрижен за одѕивот, отколку за противкандидатите. Кампањата и недостатокот на конкуренција според аналитичарите делуваат демотивирачки за некои Руси. А Навални повика на бојкот на изборите. Бранот антивладини протести во изминатата година, исто така, укажува на презаситенност од корупциски скандали кои се провлекуваат низ Кремљ и најблискиот круг олигарси на Путин.

Но, според анкетите, Путин и натаму е вистински популарен кај многу Руси, кои го сметаат за силен човек кој ја извадил земјата од постсоветскиот хаос кон стабилност.

Анкетите во минатото покажаа дека популарноста на Путин се зголемува за време на конфронтација со Западот. А токму тоа се случи непосредно пред гласањето.

Изминатава недела односите меѓу Русија и Велика Британија западнаа во криза, по случајот со труењето на рускиот екс шпион Скрипал, неговата ќерка, по што британската премиерка Тереза Меј посочи дека е “многу веројатно” Кремљ да стои зад нападот. По ова следуваше обостарното протерување на  дипломатите.

Русија, исто така, вети дека ќе одговори соодветно откако САД наметнаа нови санкции, поради пријавените сајбер напади и мешање во претседателските избори во 2016 година. Во двата случаи, Москва ги отфрли обвинувањата за вмешаност во нападите.

Од ваквиот конфликт всушност Путин може да поентира на домашен терен. Анексијата на полуостровот Крим во 2014 година ја редефинираше улогата на Русија на светската сцена и го означи почетокот на нови, зголемени тензии со западните сили.

Изборите ги следат повеќе од 144.000 набљудувачи (рекорден број), од кои 1.500 меѓународни набљудувачи од 109 држави.

Сите избирачки места ги чува полицијата, а само во Москва за безбедноста се ангажирани повеќе од 17.000 полицајци.

Изборите ги „покриваат“ околу 400 странски новинари и вкупно 13.200 новинари ширум Русија.

Избори: Што е заедничко за противкандидатите на Путин – немаат шанса

претседателски избори противкандидати Путин Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.