Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна група ќе изготвува амандмани за намалување на патните трошоци

0
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2018 14:12

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратениците донесоа заклучок за формирање работна група за изготвување амандмани за Законот за пратеници и за Законот за плати на избрани и именувани лица, а во врска со намалување на патните трошоци.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата предлага патните трошоци од 30 отсто да се намалат до 20 отсто од цената на литар гориво за секој изминат километар.

Претседателот на Комисијата за политички систем, пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски кажа дека во оваа работна група би требало да учествуваат пратеници, членови на ова собраниско тело, од сите пратенички групи вклучувајќи ја и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тие би требало да ги усогласат ставовите во врска со намалувањето на средствата за патни трошоци на народните избраници и избраните и именуваните лица.

ДУИ, според Реџаил Исмаили, ќе ја поддржи потребата за донесување на измените на законите што предвидуваат намалување на патните трошоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, но кажа и дека размислуваат дали да поднесат амандман, како што најави неговиот колега Џевад Адеми вчера, за целосно укинување на патните трошоци.

-Има многу функционери, посебно директори кои останаа на функциите, аздисано ги трошат парите на ист начин како што работеа претходно. Вчера бев кај една директорка, да не ја именувам, таа за неколку месеци потрошила 20.000 денари за бензин додека нејзиниот заменик 110.000 а и двајцата живеат во Скопје. Се продолжува со истиот начин, рече Илија Николовски од СДСМ.

Според него, за запрепастување е фактот што пратениците земале патни трошоци без патни налози.

Тој потсети дека во Република Македонија има 5.000 државни станови, најмногу во Скопје и оти поголем дел од нив се празни, а становите во зградата кај Железничката станица се задржани од поранешни функционери или не сакаат да си ги откупат.

 

ДУИ Измени на Закон за пратеници намалување на патни трошоци за функционери СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.