Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна посета на Албанија: Министерката Шахпаска на седмиот Форум за поврзување во Тирана

0
By Sashko on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Албанија, во чии рамки ќе има билатерална средба со албанската министерка за здравство и социјални прашања, Огрета Манастирлиу.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Шахпаска за време на престојот во Тирана ќе учествува и на седмиот по ред Тирански форум за поврзување.

Оваа година на Тиранскиот форум за поврзување, кој се одржува под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, ќе се дискутира за Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за земјите од Западниот Балкан.

Министерката Шахпаска ќе учествува на панел дискусијата насловена „Што има за младите во Економско инвестицискиот план за Западен Балкан“, каде ќе ги презентира искуствата на земјава во дизајнирањето и имплементирањето на политики насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд, а особено ќе се осврне на нашите искуства како прва држава од регионот која ја воспостави и ја спроведува „Младинската гаранција“, по примерот и моделот развиен и применет во земјите од Европската унија.

Во панел дискусијата, покрај министерката Шахпаска, меѓу останатите ќе учествува и поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни прашања и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини. Годинашниот Форум во Тирана е дел од официјалниот календар на настани во рамки на словенечкото претседателство со Европската Унија.

Албанија Западен Балкан Јагода Шахпаска Македонија министерка посета Форум за поврзување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.