Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рахој, лут поради изјава на белгискиот премиер, и се закани на Белгија

0
By Нова ТВ on October 19, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанскиот премиер Мариано Рахој не и е лут само на Каталонија. Неделава се налути и на Белгија.

Причината се изјавите на белгискиот премиер за каталонската криза. Шарл Мишел го налути шпанскиот колега со две изјави. Првата беше на денот на гласањето во Каталонија на 1 октомври кога Мадрид прати полиција во Каталонија за да го спречи одржувањето на референдумот за независност.

Мишел на Твитер остро го осуди насилството на шпанската полиција што не му се допадна на Рахој. Освен тоа, Мишел беше првиот премиер (а и единствениот) од ЕУ што јасно го осуди насилството.

Првиот пат Рахој се воздржа од коментар. Но втората изјава на Мишел не помина без реакција и тоа брза и остра.

Во интервју за белгиските медиуми Мишел рече дека “каталонската криза не е правна (како што тврди Мадрид) туку политичка”. Мишел испрати порака и до Мадрид и до Барселона повикувајќи ги да седнат на дијалог.

А шпанската Влада изјави дека е “непријатно изненадена” од “нападите” што доаѓаат од земја партнер.

Белгискиот дневник “Het Laatste Nieuws” ја објави денес дипломатската размена на писма помеѓу Мадрид и Брисел.

Амбасадорот на Белгија во Мадрид бил повикан кај шпанскиот премиер каде што му било речено дека изјавите на премиерот се неприфатливи, Белгија не смее на исто рамниште да ги става Мадрид и регионот Каталонија а шпанската влада е изненадена што се уште не слушнала Белгија да ја повика Каталонија да го почитува шпанскиот Устав.

И тоа не е се. Мадрид и се закани на Белгија велејќи дека ваквото однесување нема да остане без последици. Според медиумите во Белгија, заканата се однесува на кандидатурата на една Белгијка за директорското место во Европол. Кандидатура што Мадрид нема да ја поддржи.

И покрај тоа што зборовите на Белгиецот Мишел го налутија неговиот шпански колега, белгискиот премиер нема намера да се извини или да ја повлече својата изјава:

“Нема никаков иницидент туку само медиумско драматизирање врз основа на изјава што сум ја дал и на која целосно стојам”, изјави тој за белгиските медиуми денес. И додаде дека ако има некаков проблем Рахој “го има мојот телефонски број”.

За Белгија, регионалните барања за независност не се ништо ново. Во регионот Фландрија сепаратистите веќе 30 години бараат независност па белгиските политичари знаат колку се важни дијалогот и политичкиот консензус а колку може да биде контрапродуктивно насилството.

Каталонија каталонска криза Мариано Рахој Шарл Мишел Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.