Ниту 54. коша и 13. асистенции на Џејмс Харден не беа доволни за Хјустон да избегне пораз во главниот град. Вашингтон ги совлада „ракетите“ со 135:131 по продолженија во најефикасниот натпревар во НБА лигата ноќеска. Ерик Гордон додаде 36 поени колку што постигна Џон Вол за „визардси“.
Две екипи ја пробија границата од 100 коша во уште четири меча. Сан Антонио славеше на гости кај Чикаго со 108:107, Шарлот беше подобар од Милвоки со 110:107, Бостон триумфира над Њу Орлеанс со 124:107, а Голден Стејт славеше над Орландо со 116:110.
НБА лига
Шарлот – Милвоки 110:107
Кливленд – Минесота 95:102
Вашингтон – Хјустон 135:131 (по продолженија)
Чикаго – Сан Антонио 107:108
Њу Орлеанс – Бостон 107:124
Јута – Индијана 88:121
Голден Стејт – Орландо 116:110