Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет,ЕП: Германија и Данска фрлија ракавица за Македонија и Шпанија

0
By Нова ТВ on January 19, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2018 22:36

Данска и Германија им фрлија ракавица на Македонија и на Шпанија на Европското ракометно првенство во Хрватска. Двете селекции со победи ги продолжија настапите на 13. континентален турнир и ги истиснаа „црвено-жолтите“ од лидерската позиција во групата 2 во Вараждин.

Данците вечерва ја поразија Словенија со 31:28 (полувреме 16:14) и избија на првото место на табелата. Сван беше најефикасен играч на натпреварот со 11 гола, во победничката репрезентација со шест гола се истакна и Мортенсен колку што постигна и Зарабец за составот на Веселин Вујовиќ. Пет запиша Јанц, а Мацковшек со четири погодоци беше трет стрелец кај „змајчеки“ кои остануваат на единствениот бод што го пренесоа од Загреб.

Германците, пак, дури во последните десет минути го скршија отпорот на Чешка за конечни 22:19 (полувреме 9:10). Фат со осум гола беше предводник на европскиот првак против жилавите Чеси чиј лидер беше Чип со шест гола, по четири реализираа Кашпарек и Здрахала.

Мечевите во Вараждин продолжуваат во недела. Во попладневниот термин (18,15 ч.) ќе се судрат Германија и Данска, а во вечерниот (20,30 ч.) и дуелот на „црвено-жолтите“ селекции во групата – Македонија и Шпанија.

ЕП во ракомет

Група 2 (Вараждин), 3 коло

Словенија – Данска 28:31

Германија – Чешка 22:19

Табела: Данска 4, Германија 4, Македонија 3 (-1), Шпанија 2 (-1), Чешка 2, Словенија 1.

Двојки за 4. коло: Германија – Данска (18,15 ч.), Македонија – Шпанија (20,30 ч.)

Утре на ЕП

Група 1, 4 коло

Шведска – Франција (18,15 ч.)

Хрватска – Норвешка (20,30 ч.)

Табела: Норвешка 4, Шведска 4 (-1), Хрватска 4, Франција 4 (-1), Белорусија 0, Србија 0.

Вараждин Германија Данска ЕП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.