Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардарки на Фајналфор во Будимпешта

0
By Нова ТВ on April 15, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Начинот неубедлив, но најважно е целта исполнета. ЖРК Вардар по четврти пат ќе игра на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони. На двата гола од првиот меч во Икаст (28:26), „црвено-црните“ додадоа уште два во реваншот и со вкупно 54:50 се потврдија во големата четворка. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ славеа со 26:24 во меч со многу грешки на што, за нивна среќа, им беше возвратено со реципроцитет.

Митјиланд согласно очекувањата во Скопје. Данскиот состав немаше што да загуби, играше растоварено и таквиот пристап ги држеше во игра во најголем дел од средбата. Одржуваше резултатски чекор, првото полувреме го реши во своја корист со 11:12, во второто отвори силно, се одлепи на плус три (12:15) и во ситуација со ракометарка помалку на теренот, а имаше контра и за 12:16. Но, приликата отиде во неврат, па казни Мавсар на спротивната страна за 13:15. Кон на словенечката репрезентативка со реализации се надоврза и македонската, Сара Ристовска за набрзина резултатот да биде израмнет.

Потоа преземаа Пенезиќ, Човиќ и Лекиќ за предност на вардарки кои од тој момент до крај не дозволија да влезат во нов минус. Репрезентативките на Хрватска постигнаа по шест гола и беа најефикасни во „црвено-црните“ редови, српската, пак, учествуваше во четири погодоци во новиот триумф над Митјиланд. Шест гола за гостинката екипа реализира Јоргенсен.

Пласман на завршниот турнир во Будимпешта, покрај ЖРК Вардар, обезбедија и Будуќност, ЧСМ Букурешт и Ѓер. Ждрепката за полуфиналните двојки е закажана во вторник.

ЖРК Вардар – Митјиланд 26:24 (11:12)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Судии: Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка.

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Песоа, Радичевиќ 2, Кликовац, Херем, Мавсар 2, Дамњановиќ, Лазовиќ 1, Алтхаус 1, Пенезиќ 6, Човиќ 6, Лакрабер 2, Хмирова, Лекиќ 4, Ристовска 2. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 2 минути. Технички грешки: 17.

Митјиланд: Торн, Енглерт, Елебек, Јоргенсен 6, Блом 2, Петерсен, Јакобсен, Кристијансен 5, Фрис, Линден, Педерсен 5, Аугустесен, Јенсен 3, Јонсдотир, Бургард 3. Тренер: Кристијан Кристенсен.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 4 минути. Технички грешки: 15.

Лига на шампиони

Четврт-финале, реванш средби

ЖРК Вардар – Митјиланд 26:24 (прв меч 28:26)

Ференцварош – ЧСМ Букурешт 26:27 (25:30)

Ларвик – Будуќност 30:35 (17:31)

Ѓер – Мец 28:22 (31:32)

 

ЖРК Вардар Лига на шампиони Митјиланд ракомет Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.