Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардарци газат кон четврт-финале, Целје „падна“ во Скопје

0
By Нова ТВ on February 25, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар ја нанижа и третата победа во групата Б во рамки на машката ракометна Лига на шампиони. Попладнево во Скопје „падна“ Целје со 35:30 за останување на „црвено-црните“ на првата позиција на табелата што носи директен пласман во четврт-финале. Нејзината заверка ќе следува во преостанатите два меча – најпрво на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест (4 март) и во последното коло против Кристијанштад во СЦ „Јане Сандански“ (12 март).

Вардарци во ниту еден момент не дозволија неизвеност пред своите гледачи против словенечкиот ривал со реноме на европски првак од 2004 година. Тргнаа сигурно и со намера да ја одржат победничката атмосфера во текот на сите 60 минути. Во тоа и успеаја за, на крајот, вкупно 40 триумф во ЛШ, деветти во оваа сезона во елитното натпреварување и четврти против Целје вклучувајќи ги и двата во СЕХА лигата.

Најефикасни на средбата беа Душебаев и Млакар кои постигнаа по осум гола. Шпанецот меѓу „црвено-црните“ имаше поддршка во нападот од Русите Дибиров и Шишкарев кои реализираа по шест погодоци. Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ даде пет, а ново добро издание на голот имаше Арпад Штербик.

Вардар – Целје 35:30 (20:15)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје: 4.000. Судии: Зигмарс Сондорс и Ренарс Личис од Летонија.

Вардар: Штербик, Ангелов, Стоилов, Фереира Мораеш 3, Македа, Деревен 1, Карачиќ 5, Душебаев 8, Абутовиќ, Канелјас 1, Циндриќ, Чупиќ 2, Дибиров 6, Шишкарев 6, Борозан, Марсениќ 3. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 8.

Целје: Лесјак, Гаиќ, Малус 2, Бабарскас, Јанц 4, Разгор 3, Сухолезник, Маргуч, Гросељ 1, Потеко 1, Зарабец 2, Кодрин 1, Мацковшек 3, Млакар 8, Звижеј 1, Беќири 4. Тренер: Бранко Тамсе.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 13.

Лига на шампиони, 12 коло

Група А

Веспрем – Висла Плоцк 31:25

Кил – Силкеборг 21:24

ПСЖ – Шафхаузен (сабота, 20 ч.)

Барселона – Фленсбург (недела, 19.30 ч.)

Група Б

Вардар – Целје 35:30

Рајн Некар Левен – Мешков Брест 25:24

ППД Загреб – Кристијанштад (сабота, 20 ч.)

Клејце – ПИК Сегед (недела, 18 ч.)

Вардар Лига на шампиони ракомет Целје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.