Германија ја забележа и втората победа на Светското ракометно првенство. И тоа на импресивен начин. „Панцирите“, по Кореја (30:19), го декласираа и Бразил со 34:21 (полувреме 15:8) во натпревар во кој сите играчи во ростерот на Прокоп се запишаа како стрелци освен голманското трио Волф, Хајневетер и Земпер. Ги предводеше Уве Геншајмер со 10 гола кој очекувано го доби признанието МВП, Вајнхолд и Фат реализираа по четири погодоци. Прв стрелец меѓу Бразилците беше Толедо со пет гола.
Фаворитска улога оправда и Норвешка која ја совлада Саудиска Арабија со 19 гола разлика (40:21). Девет гола за скандинавската селекција прослави Абелвик Род, Хансен додаде осум, по шест постигнаа Гуликсен и Блонц.