Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, со Албанија и со Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници продолжуваат да важат до 15 август, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што претходно објави МИА, денеска истече одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција што сега е продолжена за дополнителни 15 дена.