Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова дојде на распит во СЈО, веднаш по заминувањето на поранешниот технички премиер и генерален секретар на партијата, Емил Димитриев.
Пред влегувањето во СЈО, Рангелова рече дека не чувствува вина, бидејќи ништо не направила.
-За тоа како се слеале толку пари во партијата, прашајте ги одговорните во партијата, изјави Рангелова пред новинарите.
Таа, исто како и Димитриев, најави дека ќе побара увид во доказите.
Распитот на Рангелова е во рамки на истрагата за случајот „Талир“.