Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раскол и хаос во МВР: Оливер против Оливер

0
By Нова ТВ on October 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителениот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска одржал прес конференција само за одредени медиуми на која информирал дека министерот Оливер Спасовски му забранува секаков јавен настап и обраќање без претходна согласност на неговиот кабинет.

Делови од прес конференцијата на Андонов ви пренесуваме од провладините телевизии и портали кои биле присутни таму.

„Колку и да звучи смешно, ова пред се претставува навреда лична, на мојот личен дигнитет, навреда кон граѓаните на Република Македонија кон нивното право да бидат информирани, да ги слушнат сите страни, навреда кон демократијата бидејќи се работи за обид за воведување цензура“, изјавил Андонов на прес конференцијата одржана во МВР.

Тој додава дека МВР не е политичка испостава на СДСМ, туку е Министерство во функција на граѓаните на Република Македонија и составен дел од Владата.

„Ова е настан без преседан во работењето на МВР, обид да се изурпира моето законско право за јавно информирање на граѓаните за сите сегменти од мојата работа, која пред се е јавна“, рекол Андонов.

По оваа прес конференција, попладнево од МВР пристигна реакција, во која се вели дека одлуката на министерот Спасовски за јавните настапи на Андонов е донесена со цел да се спречи двојно командување на оваа институција, потсетувајќи дека дополнителниот заменик министер има ингеренциите само за прашања на изборите.

Соопштението од МВР ви го пренесуваме во целост.

„Министерството за внатрешни  работи е државен орган кој има правила на функционирање кои важат со години и дополнителниот заменик  министер г-дин Андонов требало да се информира барем за овие елементарни работи.

Целосна невистина е дека на Секторот за односи со јавност му е забрането да му дава логистичка поддршка на дополнителниот заменик на министерот.

Комуникацијата на МВР со јавноста се врши исклучиво согласно одредбите на Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и Упатството за начинот на остварување комуникација со јавноста кое е потпишано од поранешната министерка Гордана Јанкулоска, а изготвено во јули 2007 година.

Според законската регулатива дополнителниот заменик  министер Оливер Андонов има ингеренции само за прашања во врска со изборите. Во МВР не може да биде дозволена двојна команда без оглед на нечии желби и амбиции.  Во МВР мора да се почитува законот“, пишува во дописот од МВР.

 

МВР Оливер Андонов Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.