Министерството за внатрешни работи денеска распиша меѓународна потерница за Никоја Војминовски, главниот осомничен за нападот на претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Војминовски во текот на вчерашниот ден исчезнал, и се претпоставува дека избегал од државата. Нему му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата од 13,6 години затвор на која беше осуден поради нападот на Села, која воедно беше и највисоката казна изречена во овој процес.

Покрај Војминовски, за нападот врз пратеникот Зијадин Села осудени се и Кире Ѓорѓиевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов

Војминовски беше и еден од сведоците за настаните од 27 април во Собранието.