Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расположение за состанок меѓу Брисел и Москва: Русија е „за“, ЕУ е поделена

0
By Sashko on June 24, 2021 СВЕТ
Фото: epthinktank.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка од Русија, поделеност во Европската Унија (ЕУ), е расположението меѓу двете страни за евентуален дијалог меѓу Брисел и Москва.

Руската страна ги поддржува сите иницијативи што можат да го поттикнат дијалогот меѓу Брисел и Москва, откако такви предлози пристигнаа од лидерите на Европската унија.

– Позитивно оценуваме такви иницијативи. Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува создавањето на механизам за дијалог и контакти меѓу Брисел и Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ треба да побара директен дијалог со Русија, а бројни медиуми денеска објавија дека ЕУ може да разгледа формат за евентуален самит меѓу лидерите на Унијата и рускиот претседател.

Премиерите, пак, на земјите членки на ЕУ се поделени околу тоа дали да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, предлог што вчера го изнесоа Германија и Франција, во пресрет на самитот на Унијата во Брисел, јави агенцијата ДПА.

Прeдводејќи ги разговорите со нејзините 26 колеги, германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека ЕУ треба да најде начини за влегување во директен дијалог со Русија, тврдејќи дека „конфликтите најдобро можат да се решат ако меѓусебно се разговара“. Другите земји, меѓутоа, се скептични кон пристапот и повикаа на внимателност.

– Ние не гледаме никаква радикална промена во моделот на однесување на Русија. Ако без никакви позитивни промени во однесувањето на Русија, почнеме да се ангажираме, тоа ќе испрати многу несигурни и лоши сигнали до нашите партнери, на пример, земјите од Источно партнерство. Ми се чини како да се обидуваме да ја ангажираме мечката да го чува безбеден делот со медот, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.

ДПА пренесе изјава на холандскиот премиер Марк Руте во која вели дека иако во принцип не е против, сепак тој нема да присуствува на состанок за директен ангажман со Русија.

дијалог ЕУ Расположение Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.