НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расправата за Извештајот на Јанева продолжува во понеделник

0
By Нова ТВ on September 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

raspravas

Поради приватни обврски на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Извештајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи да биде главна тема на собраниската комисија во понеделник. Пратенците од власта и опозицијата и попладнево до 18 часот продолжија со меѓусебна расправа за ситуацијата во која последниве три дена е доведена Катица Јанева.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, одолговлекувањето на расправата за Извештајот на Јанева е со цел никогаш да не стигне на дневен ред извештајот на државниот обвинител Марко Зврлевски кој исто така е на дневен ред на собраниската комисија.

-Кој е вашиот план за работа? До кога ние би работеле? Јас воопшто не се плашам од работа, но гледам дека намерата е Извештајот на Марко Зврлевски воопшто, никогаш да не дојде на дневен ред, праша Сугарески.

И пратеничката Рената Дескоска од СДСМ им порача на колегите од власта дека ако толку се заинтересирани за Извештајот на СЈО, да продолжат со дебата и за време на викендот без разлика на тоа што Јанева нема да биде во можност да присуствува.

Ова за владејачките пратеници беше неприфатливо, бидејќи како што тие тврдеа,  Извештај не може да се разгледува без присуство на раководното лице, односно подносителот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски обвини дека опозицијата влегува во операција „бегство“ со цел да се обиде да ја спаси Јанева од отчетност.

И независната пратеничка Роза Топузовска смета дека Јанева мора да биде на располагање на Собранеито и потсети дека пратениците досега во повеќе наврати работеле до доцните вечерни часови кога требало да се гласа некој закон. На опозицијата и Јанева им порача дека доколку треба, тие мора да бидат достапни 24/7, како што се вели во еден од партиските слогани на власта.

Инаку маратонската расправа по Извештајот на Јанева и денеска се одвиваше со бурни реакции. Власта бараше Јанева да го образложи и финансискиот Извештај по ставки, бидејќи според нив постои сомнеж за околу милион ипол евра искористени пари од СЈО во нејасни цели.

Според пратеникот од ДПМНЕ Крсто Муковски, Јанева шест страници од извештајот потрошила само за да се жали за условите за работа и рече дека ваквото тврдење на Јанева се темели само за нејзината целосна неспособност. Според него, Јанева тера мајтап со сите кои и дале доверба и ја праша како е можно да преслушала само 12 посто од материјалот кога Заев можел за многу побрзо да ги преслуша сите материјали.

Мукоски и рече на Јанева дека поддршката кон неа од граѓаните ќе се сведе на „процент на статистичка грешка“. Ја обвини дека е „класична алатка за СДСМ да дојде на власт“ , како и тоа дека ја девалвира целата држава и самата себе.

Јанева одговори дека останува на тоа што го кажала и дека нема намера да дава дополнителни информации за финанискиот извештај.

На обвинувањата за спорото темпо на работа, Катица Јанева посочи дека одговорот за прислушувањето се содржи во случајот Пуч кој шест месеци бил заглавен во судските лавиринти. Јанева ги објасни сите потешкотии во однос на добивање на доказите од судот и жалбите до Апелација и затоа порача дека 6 месеци судот да не одговори на барање на СЈО е срамно.

Во однос на обвинувањата дека во текот на работењето држи луѓе во притвор и уценува сведоци, Јанева одговори дека обврска на државата е притворот да биде што помал. Во однос на притворите на Верушевски и Талески таа рече дека СЈО дало предлог мерки до судот но финалната одлука за нивните мерки во определувњето притвор ја донел судот.

Повторно осврнувајќи се на темпото на работа, Јанева потсети дека три дена е задржана во Собрание образложувајќи го Извештајот наместо да работи.

Следната седница е закажана за 11 часот во понеделник. Обвинителката попладнево се извини на пратениците и кажа дека следната недела ја очекува набиена агенда со обврски, па така ќе мора да се координираат за нејзиното присуство на собраниските расправи. Уште еднаш,потсетувајќи на случајот Пуч, кој е заглавен во судските лавиринти, Јанева побара пратениците да направат се што е во нивна моќ, Судот да обезбеди термин за што поскоро судење, а потоа, како што рече таа, за нејзината работа може да образложува ако треба и цел месец. Целата дискусија и денеска ја следеше државниот обвинител Марко Зврлевски.

 

ВМРО-ДПМНЕ Зврлевски Извештај на СЈО Катица Јанева СДСМ Собраниска расправа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.