Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте бројот на заболени од морбили- две деца се во потешка здравствена состојба

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за инфективни болести  примени се 6 новo заболени од морбили, а уште тројца се амбулантски  прегледани, со јасна клиничка слика на морбили. Две деца се во потешка
здравствена состојба и може ќе биде потребно да бидат ставени  на апарати за дишење, информираат од Клиниката.

Од Клиниката велат дека „ ова е бран на ново заболени, по што очекуваат бројката да се зголемува“.

Здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба, од Клиниката велат дека е значително подобрена. Исто така,  постабилна е состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма а се заразило со морбили и варичела.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили. За да се спречи ширењето на епидемијата на морбили во Скопје, во сите Универзитетски Клиники донесена е одлука за ограничување на посета на пациентите, односно да се забрани посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.

Министерството за здравство информира дека до денеска  вакцинирани се вкупно 4 345 деца со МРП вакцини.

На поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“  секој работен ден има дежурни лекари од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за време на викендите работат 24 часа. Од Минстерството за здравство апелираат до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста – висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.

Министерството за здравство  потсетува  и дека  уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Исто така од Министерството за здравство ги повикуваат и децата од  училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП.

„Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки“ пишува во соопштението од Министерството за здравство и наведуваат дека вакцините се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.

епидемија Морбили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.