Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ратко Младиќ: Еден геноцид или два?!

0
By Sashko on June 8, 2021 ВЕСТИ
Фото: balkans.aljazeera.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска ќе му биде изречена правосилната пресуда на Ратко Младиќ. Тоа ќе биде крај на еден долг процес, а единственото прашање е дали Младиќ ќе биде осуден и за геноцид во западна Босна.

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, познат и како Хашки трибунал, во ноември 2017 првостепено го осуди Младиќ на доживотна казна затвор поради геноцид во Сребреница во летото 1995 година, прогон на Бошњаците и Хрватите ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на цивилите при опсадата на Сараево и земање како заложници на припадниците на мировната мисија на Обединетите нации.
Тоа беше последната првостепена пресуда на Трибуналот, а денешната (8 јуни) жалбена пресуда ќе биде првата која ја изрекува неговиот наследник- Механизмот.

Втор геноцид

Со првостепената пресуда Младиќ е прогласен за виновен за десет од 11 точки на обвинението. Единствено е ослободен од вина за геноцид во општините Приједор, Сански Мост, Кључ, Котор Варош, Фоча и Власеница во 1992 година. На пресудата се жалеа и одбраната и Обвинителството. Одбраната бара ослободителна пресуда, додека обвинителството смета дека првостепениот совет погрешил кога го ослободил Младиќ за обвинението за геноцид и во западна Босна.

Одбраната тврдеше дека обвинителството не ја докажало вината на Младиќ по ниту една точка од обвинението и дека Жалбениот совет треба да утврди дали доказите во првостепената постапка се така недвосмислени за да се оправда казната доживотен затвор. Одбраната бара Младиќ да биде ослободен, да му се суди повторно или значително да му се намали казната.
Обвинителството смета дека ја докажало вината на Младиќ во сите точки на обвинението, вклучително и во онаа, единасеттата, дека е виновен за геноцид над Бошњаците и Хрватите во споменатите шест општини во БиХ, за што првичната пресуда го ослободи. Во конечната пресуда, сметаат обвинителите, треба да биде впишана и вината на Младиќ и за овој геноцид, а не само за Сребреница.

Младиќ: „Не сум светец“

Младиќ последен пат се појави во судницата во Хаг во август минатата година, на расправата за жалбите на првостепената пресуда. Во таа прилика рече дека „не е светец, туку обичен човек“ и дека „чесно работел и во војна и во мир, во согласност со законите“.
Познавачите и аналитичарите на случувањата во хашките судници не очекуваат големи пресврти во дефинитивната пресуда на петчлениот Жалбен совет на Механизамот. Првото обвинение против Младиќ во Хашкиот трибунал беше подигнато во ноември 1995 година. Но обвинетиот беше во бегство и се криеше се до мај 2011, кога српските власти го уапсија во Лазарево кај Зрењанин и го израчија во Хаг.

Судењето започна во 2012 и траеше 530 дена. Првостепениот совет со кој претседаваше судијата Алфонс Ори го осуди на доживотен затвор. Зборувајќи за точката на обвинението во која Младиќ се товари за геноцид во Сребреница, судијата Ори рече дека „Советот констатирал дека припадниците на Војската на Република Српска имале намера да ги уништат босанските муслимани кои биле дел од заштитена група“.
Хашкиот трибунал престана да постои на крајот на 2017 година, а неговите надлежности и преостанатите судења ги презеде Механизмот за меѓународните кривични судови. Од таа инстанца ќе биде изречена и дефинитивната правосилна пресуда на поранешниот командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

Пресуда со или без Младиќ

Одбраната на Младиќ бараше одложување на завршната судска седница. Во поднесокот, адвокатот Лукиќ наведе дека Младиќ ја отфрла секоја можност тој и неговата одбрана да го следат изрекувањето на пресудата преку видео-линк и изрично бара, до него, на изрекувањето во „живо“ да присуствуваат и двајцата адвокати: Лукиќ и Драган Иветиќ. Иветиќ е болен и не може да дојде на седницата, додека Лукиќ одбива да присуствува. Ваквото барање веќе беше одбиено од Жалбениот совет и на Младиќ му беше одреден бранител по службена должност во случај на отсуство на адвокатите.
Оттука, останува отворено дали обвинетиот и одбраната ќе присуствуваат на рочиштето.

Преземено од Дојче веле

БиХ геноцид пресуда Ратко Младиќ Свет Сребреница судење Хаг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.