Турската полиција спроведе масовна рација во Анкара против осомничени припадници на организации поврзани со групата Исламска држава (ИД), при што се уапсени 101 лице.

Како што јави агенцијата Анадолија, во операцијата учествувале над 1.500 полицајци.

Во акцијата бил извршен претрес на околу 250 локации, при што биле запленети оружје и документи.