Министерството за здравство (МЗ) информира дека е разрешен директорот на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје, Арбен Зибери.

Зибери е разрешен поради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Министерството информира дека за нов в.д директор на Центарот е назначен Александар Стојанов, епидемиолог од ЦЈЗ Скопје.