Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции по укинување на Законот против дискриминација: Еднаквоста вратена 100 чекори назад

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: akademik.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 18, 2020 11:10

По веста дека Уставниот суд го укинал Законот за спречување и заштита од дискриминација и со оглед што тоа влијае на голем број маргинализирани групи, ЛГБТИ заедницата, различни понижувани и обесправени граѓани, како Ромите, сиромашните, политички неподобните, луѓето со попреченост, жените и работничките, со реакција се јавија поединци и групи кои се директно вклучени во борбата за еднакви права и слободи на маргинализираните заедници и ЛГБТИ мрежата. Со оваа одлука, велат тие, „државата се враќа 100 чекори наназад и се добива впечаток дека нема потреба сите луѓе еднакво да се третирани, што е неприфатливо за едно демократско уредување“. Нивните реакции ги пренесува порталот portret.digital.

Според соопштението од Уставниот суд, Законот е донесен без потребното мнозинство предвидено во наведениот член 75 став 3 од Уставот, односно за истиот не гласале 61 пратеник како што исклучиво бара наведениот член од Уставот. Во прилог прочитајте ги реакциите.

Лила Милиќ – Активистка за правата на сексуалните работници и трансродови лица 

„Со укинувањето на Законот за заштита и спречување од дискриминација, државата, но и оваа Влада докажува дека ЛГБТИ лицата, но и другите маргинализирани групи се невидливи и неважни за ова општество. Повторно се враќаат да живеат во својот страв, срам но, и да трпат насилство кое и тоа како го трпат секојдневно. Со Законот многу лица се охрабрија да започнат борба со општеството, но и со институциите бранејќи ги своите права на достоинствен живот. Затоа порачуваме дека сега уште погласно ќе се бориме за достоинствен и еднаков живот за секој граѓанин“

Кочо Андоновски – Програмски директор на ЛГБТИ центарот за поддршка

„Она што ги разликува „ексклузивните“ општества од инклузивните се привилегиите кои одредени луѓе, поради своето потекло, боја на кожа, социјален статус, сексуална ориентација или родов идентитет ги имаат. Борбата на активистите за човекови права, еднаквост и недискриминација е токму борба против овие привилегии резервирани само за еден слој на граѓани. Последните случувања со Законот за спречување и заштита од дискриминација покажува колку таа борба уште долго ќе трае. Затоа што им е тешко на одредени луѓе да се откажат од привилегиите, се сметаат себеси за надредени, повеќе легитимни од „другите“.  Но, ние немаме втор живот, ниту втора земја, ниту втора планета и ќе се бориме до крај за еднаквост на сите. Секој живот вреди.“

Сибел Бајрам – Наставничка по англиски јазик во ООУ „26 Јули“ во Шуто Оризари и претседателка на Здружение на жени Ромки „Лачо Диве” Скопје

„Во 21 век е невозможно да немаме Закон за спречување и заштита од дискриминација. Нели според Светската конвенција за правата на луѓето, секое човечко суштество треба да ги ужива сите права и врз него/неа не смее да има чин на дискриминација? – Сето ова тогаш се коси и не важи? – Ромите се четврта етничка заедница со најголема бројност во РСМ, иако сè уште немаме попис, но јас сметам дека нашата бројност ќе биде поголема и веројатно ќе бидеме и трета најголема етничка заедница. И додека имавме Закон за спречување и заштита од дискриминација, бевме сведоци на дискриминации, па можам да замислам што би се случувало сега ако истиот го нема. Ромите и онака мора да вложуваат двојно повеќе напори, сила, едукација и докажување, за да бидат на некое слично (меѓутоа сепак не еднакво) рамниште со останатите. Децата Роми сè уште се соочуваат со дискриминација во образованието и сè уште наидуваат на текстови во кои тие како припадници на таа заедница, од најрана возраст чувствуваат на своја кожа што е дискриминација, стереотипи и предрасуди. Како потоа тоа дете ќе биде доживувано и опсервирано во очите на другите деца, како тоа дете ќе се чувствува? – Жените и девојките Ромки, честопати наидуваат на дискриминација. Првин, општеството ги осудува, ако се на одредена возраст после 20 години, зошто сè уште не запловиле во брачни води (нели Ромките рано се мажеле), второ, кога завршуваат високо ниво на образование и бараат работа, не се третирани исто како останатите припаднички на овој пол од останатите етникуми, поради некоја неоправдана недоверба, и трето, не им се дава можност за гласноговорење, застапување во институциите, не се консултирани за закони, политики и програми кои другите ги носат за нив. Има уште многу да се каже меѓутоа верувам дека во 21 век, во здраво општество секој заслужува да биде заштитен/а од дискриминација бидејќи тоа му/и е загарантирано човеково право. А јас, секако ќе продолжам да работам и да се борам и гласно да говорам за правата, добробитта и образованието на мојата заедница.“

Мрежа за заштита од дискриминација и Блупринт група за реформи во правосудството

„Несериозниот и незаинтересираниот пристап на Собранието во целиот процес на изгласување и усвојување на Законот, како и недостатокот на политичка волја за негово спроведување и избор членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација покажува дека на властите не им се важни човековите права и еднаквоста на граѓаните, особено маргинализираните групи како Ромите, ЛГБТИ, луѓето со попреченост, жените, сиромашните граѓани и сите останати кои преживуваат на маргините. Бараме веднаш по спроведувањето на најавените парламентарни избори и изборот на новиот парламентарен состав, без разлика на тоа која коалиција ќе го формира парламентарното мнозинство, Законот за спречување и заштита од дискриминација да се најде меѓу првите точки на дневниот ред на Собранието. Бараме да се обезбеди потребното парламентарно мнозинство за изгласување и усвојување на овој Закон, а веднаш потоа и да се спроведе постапката за избор на нови членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со цел граѓаните конечно да добијат подобра, постручна и поефикасна заштита на нивните основни права и слободи.“

Калиа Димитрова и Ена Бендевска – Медуза

„Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе беше гаранција дека секоја личност, без разлика во вакви услови е родена, колку е (не)привилегирана, каква родова експресија или сексуална определба има, е целосно и недвосмислено заштитена од страна на државата; гаранција која во моментов со укинување на Законот веќе не постои. Како дел од нашата работа, патиштата секојдневно ни се вкрстуваат со луѓе кои го немаат удобството на оние кои го донесоа и оние кои го укинаа Законот и можеби затоа не разбираат што овој Закон значи за нас и зошто не планираме ни во момент да се откажеме од неговото повторно донесување.“

Закон против дискриминација реакции укинување Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.