Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции во САД: „Болсонаро ги инспирираше домашните терористи исто како и Трамп“

0
By Соња Крамарска on January 9, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Екс-претседателот Болсонаро ја искористи својата претседателска виза и побегна на Флорида. На потег се САД
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 9, 2023 10:37

Откако поддржувачите на Жаир Болсонаро ги нападнаа државните институции на Бразил, топката е на теренот на САД, каде поранешниот бразилски претседател отпатува два дена пред истекот на мандатот на 1 јануари.

Десничарскиот претседател Болсонаро, кој се обиде да добие втор мандат на 30 октомври, но беше поразен од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, отпатува за Флорида и на тој начин го избегна предавањето на власта.

Во Бразил зад себе остави насилно движење на поддржувачи кои не веруваат во изборните резултати. Вчера, само два дена по годишнината од сличните настани во Вашингтон, кога приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Конгресот, тие упаднаа во претседателската палата, Конгресот и Врховниот суд во Бразил.

Американскиот претседател Џо Бајден сега е под притисок да го протера Болсонаро од неговиот самонаметнат егзил во предградието Орландо.

„Болсонаро не треба да биде во Флорида“, изјави демократскиот конгресмен Хоакин Кастро за Си-Ен-Ен. „САД не смеат да бидат засолниште за тој авторитарен политичар кој го поттикнуваше внатрешниот тероризам во Бразил. Тој треба да биде вратен во таа земја“. Кастро додаде дека Болсонаро, поддржувач на Трамп, „ги инспирирал домашните терористи според прирачникот на Трамп“.

Кастро и другите кои имаат слични мислења во американската политика, покажуваат дека Вашингтон треба да донесе голема одлука за иднината на бразилскиот политичар.

Болсонаро имаше лоши односи со Бајден, а по завршувањето на мандатот во Бразил ја загуби правната заштита од кривично гонење. Истрагата може да доведе до негово апсење или да го спречат повторно да се кандидира, објави Ројтерс минатата недела. Против Болсонаро беа спроведени четири истраги уште пред вандалските напади врз бразилските институции.

Џон Фили, кој беше амбасадор на САД во Панама од 2016 до 2018 година кога Панама побара екстрадиција на нејзиниот поранешен претседател Рикардо Мартинели, рече дека најдиректната закана за Болсонаро би била суспензијата на неговата виза.

„САД – или која било суверена нација во таа работа – може да депортира вонземјанин, дури и оној што влегол легално со виза, од која било причина“, рече Фили. „Тоа е целосно суверена одлука која не бара никакво правно образложение.

Службеник на американскиот конзулат, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Болсонаро речиси сигурно влегол со виза А-1, резервирана за шефови на држави.Вообичаено, А-1 се откажува откако примачот ќе ја напушти функцијата, но имајќи предвид дека Болсонаро го напушти Бразил и влезе во Соединетите држави пред крајот на неговиот мандат, службеникот верува дека неговиот А-1 е сè уште активен.

На Болсонаро сега веројатно не му се брза да се врати во Бразил, каде што е обвинет за поттикнување на насилно движење кое ги негира резултатите од изборите. Тој во неделата рече дека упадот во институциите ја преминал границата на мирен протест.

Извор: Н1

Жаир Болсонаро протести САД Флорида
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.