Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на Никола Попоски по изборите: Не умирај магаре до зелена трева, на рати

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нè критикуваат дека слабо учиме од искуства.

Почнаа да нè прашуваат дали воопшто сакаме да победуваме. Особено со оглед на бројните констатирани слабости кај противниците. Конечно, сите нè прашуваат дали имаме стратегија. Накратко, ова би бил еден мал придонес.

За изборите:

1. Анкетите прецизно ги предвидоа резултатите (особено оние спроведени повеќе месеци претходно).

2. ДИК и МВР (предводени од ВМРО) завршија горе-долу коректна работа за нивно спроведување, што во наши услови не е лесно.

3. Обвинување кон гласачите за исходот е несоодветно и може само да ги влоши резултатите во следни циклуси.

4. Толкување дека доколку не се брои една категорија гласачи, имаме подобар резултат, не е само во судир со унитарниот карактер на државата, туку и го руши идеалот на Илинденците, да не говориме за имиџот кој го создава за нас во очи на исклучените, но и кон странците.

Сега

5. Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање Влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно.

Следно

6. Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде.

7. Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив.

Наравоучение

8. Не умирај магаре до зелена трева, на рати – не е идеална стратегија.

9. Тие што можат да земат учество во одлуки (на ЦК, ИК, ОК, МК, КИМ) легитимно е да нè прашаат дали ние воопшто сакаме да се обидеме да победуваме? – Што исто не е лесна работа.

Ако одговорот е не, тогаш е сосем во ред да продолжиме да си тераме со заклучоците.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Никола Попоски реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.