Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на СОНК: МОН не смее да дава предлози за формирање нов универзитетски синдикат

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира во однос на дел од ставовите што вчера ги соопшти Министерството за образование и наука во врска со начинот на зголемување на платите во високото образование за 10 отсто, кое беше договорено на преговорите помеѓу СОНК и МОН.

„Од содржината на текстот може да се заклучи дека МОН не ја почитува репрезентативноста на СОНК, докажана според националната класификација на дејности и која е потврдена со Решение за репрезентативност, издадено од Министерството за труд и социјална политика во јануари 2019 година. Министерството за образование и наука не смее во името на автономијата на универзитетите да стои настрана од проблемот, односно да дава предлози за формирање нов универзитетски синдикат, којшто би бил репрезентативен или ќе се приклучат кон СОНК или кон НАкС и ќе го исполнат условот за репрезентативност, затоа што СОНК има докажана репрезентативност. А тоа Министерството го знае. Впрочем, зошто СОНК би преговарал со МОН, ако е спротивно од ова што го кажуваме“, пишува во реакцијата на СОНК.

Во дописот потпишан од претседателот на СОНК, Јаким Неделков, Синдикатот се согласува со тврдењето на МОН во соопштението дека исплатата на повисоки плати во високото образование мора да биде во согласност со законските прописи, но прашува дали исплатата се врши во согласност со закон или колективен договор или, пак, со акти и правилници од минатиот век.

„СОНК, исто така, прашува дали последното зголемување на платите во високото образование за 5 проценти со септемвриската плата во 2019 година беше регулирано со колективен договор на ниво на работодавач или пак со посебен закон. Ако е со посебен закон, зошто и овојпат не се постапи така?“, прашува СОНК и го повикува МОН веднаш да отпочнат преговори за утврдување на конечниот текст на гранскиот Колективен договор за високо образование и наука и, како што наведува во реакцијата, „конечно да се стави крај на голем дел отворени прашања што ги мачат вработените во овие дејности“.

МОН реакција Синдикат СОНК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.