Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција: Законот за данок на личен доход во процедура пред рокот

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 14:08

Предлог-законот за данок на личен доход влезе во собраниска процедура пред истекот на рокот за забелешки на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на РМ). Бизнис заедницата денеска остро реагира дека, не само што не се послушани нивните аргументи против новите даночни решенија, туку не е испочитуван и рокот за доставување на забелешките.

Стопанските комори во Македонија (Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори) како дел од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заеднички реагираат дека со овој потег се нарушува партнерскиот однос меѓу јавниот и приватниот сектор како клучна алатка за постигнување поволен деловен амбиент кој ќе овозможи предвидливост, стабилност и ќе резултира со економски раст во Република Македонија.

-Многу внимателно треба да се пристапи кон измени во даночната политика и да се има предвид дека не се само стапките дел од даночната политика, туку и многу други елементи наведени во анализата. Стопанството со сигурност ќе биде афектирано од предложените промени, како на пример ИКТ (информатичко комуникацискиот) сектор, каде одливот на мозоци се зголемува секој ден. Дополнително, ќе биде дестимулирана инвестицијата во „смарт” технологии што е спротивно на политиката на Владата да поддржи истражувачки активности во што е можно поголем обемВаквиот вид на ад хок измени не и одат во прилог на држава која изминатите неколку години ги помина во правна несигурност и економска криза, заради што целокупната економија беше ставена пред предизвик на опстанок”, се вели во заедничкиот став на стопанските комори кои и покрај тоа што навремено и аргументирано укажаа на негативните ефекти од овие реформи и истите во септември ги доставија до сите релевантни државни институции, сепак гласот на бизнис заедницата не беше слушнат, предупредува бизнис заедницата.

Стопанските комори чиј партнер во Платформата за јавно приватен дијалог е токму Владата, во септември годинава излегоа со став дека реформата во даночната политика треба да се одложи за минимум пет години. Ваквиот заеднички став резултираше по направените детални анализи, бројни анкети со бизнис секторот и реализирани работни средби со компаниите.

Во позицискиот документ што коморите го усогласија меѓусебе и го доставија до надлежните државни институции беше наведено дека позитивниот ефект од воведување прогресија кај персоналниот данок на доход преку зголемување на буџетски приходи во овој момент ќе биде далеку помал отколку негативните ефекти кои ќе се рефлектираат на вкупното бизнис опкружување.

-Критиките за рамниот данок дека не придонесува за праведност во оданочувањето е недоволен аргумент за негово заменување со прогресивен данок во овој момент и треба да се имаат предвид и другите позитивни аргументи кои одат во прилог на рамниот данок, зголемувањето на стапките по автоматизам ќе значи праќање на негативен сигнал кај домашните и кај странските инвеститори, регионалното опкружувањето во кое се наоѓа Македонија во овој момент не дозволува зголемување стапки зашто брзо ќе ја изгуби компаративната предност и имиџ од досегашната политика на ниски даноци, се само нејкои од укажувањата на стопанството.

Во позицискиот документ стои и дека прогресивното оданочување е повеќе карактеристика кај развиените земји како во поглед на економијата така и во поглед на институциите надлежни за спроведување на даночната политика. Според тоа, даночниот систем покрај функцијата на прибирање приходи за финансирање на државните потреби или нивна распределба, исто така треба да е во функција и на развојот на економијата, односно да биде позитивен фактор при носење на одлуки од страна на инвеститорите.

-Во ситуација кога државата сака да иницира прогресивен персонален данок, треба да даде предлог и за соодветно распределување на бенефициите (здравствен систем, образование, животна средина и друго) кои државните органи им ги даваат на граѓаните. Во овој момент, сметаме дека прагот за кој даночните обврзници се подготвени да ги плаќаат даноците е прилично низок и зголемување на стапките ќе предизвика дестимулирачки ефект во економијата и ќе ја поттикне даночната евазија. Подобро е со постоечките механизми да се поттикнат економските оператори да не прават затајување на данок, односно да ги плаќаат сите даноци, наместо да манипулираат со средствата. Воведувањето на рамниот данок доведе до големо растоварување на вкупниот даночен товар врз стопанските субјекти, па неговото заменување со прогресивен ќе значи сосема спротивен ефект, односно поголемо даночно оптоварување, дополнуваат коморите.

Според нив, во постојниот систем на бруто плата зголемувањето на персоналниот данок, односно прогресивното зголемување би имало влијание на висината на нето платите на вработените, односно зголемување на персоналниот данок значи намалување на нето платите понизок животен стандард и помала лична потрошувачка.

бизнис заедница ЕНЕР Забелешки Предлог закон за данок на личен доход реакција собраниска процедура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.