Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребалансот на Буџетот влезе во собраниска процедура, тензично меѓу власта и опозицијата

0
By НОВА ТВ Terziova on June 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска треба да продолжи расправата за ребаланс на Буџетот за 2022 година. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, со предлог-ребалансот на Буџетот треба да се одржи макроекономската стабилност, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните.

Тој во своето експозе вчера на собраниската Комисија за финансирање и буџет посочи дека цели кои треба да се постигнат со овој документ е таргетирана поддршка за граѓаните и фирмите за надминување на предизвиците кои ги донесоа новите светски кризи.

Со предлог-ребалансот на буџетот приходите се проектирани на 245,8 милијарди денари и тие се за околу 6,9 милијарди денари повисоки во однос на иницијалните проекции, додека расходите на ниво од 288,5 милијарди денари, или за околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Тековните трансфери се планирани на ниво од 189,7 милијарди денари или за околу 19 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2022 година.

Во ребалансот се предвидени 4,7 милијарди денари дополнителна финансиска поддршка за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи.

Исто така, предвидени се и дополнителни субвенции и трансфери за земјоделците, односно на првично планираните субвенции дополнителни 3,2 милијарди денари. Овие средства имаат за цел да ги стимулираат приносите и продуктивноста, за да се амортизираат на ценовните притисоци на основните прехрамбени производи,

Планирани се и повисоки трансфери до општините, пред сѐ поради раст на блок-дотациите за покачување на платите во градинките и во основните и средните училишта за 15%.

Со ребалансот се предвидуваат и средства за раст на пензиите согласно новата методологија според индексот на трошоците за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50 отсто. Планирани се и дополнителни 2,4 милијарди денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош.

Предвидени се средства за субвенции на придонеси за поддршка на работодавачите за раст на платите во приватниот сектор, вклучително и ефектот за субвенционирање на придонесите за минималната плата.

Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 33,2 милијарди денари во чии рамки е содржан ефектот на усогласувањето на платите на вработените кај буџетските корисници со минималната плата од една страна и ефектите од контрола на новите вработувања и оптимизација на јавната администрација, од друга страна.

Министерот во синоќешното гостување на телевизијата 24 напомена дека ребалансот на Буџетот прво ги апсорбира сите мерки што беа преземени од март оваа година со цел справување со кризата и второ тоа што не чека во наредниот период.

-Тоа значи дека требаше да се направи реконструирање на расходите и коригиравме во однос на реализација на приходите. Тоа значи дека Буџетот ако беше планиран на 545 милиони евра дефицит, е некаде на ниво од 695 милиони евра. Инфлацијата се зголемува во однос на првичните 2,4 проценти и проекциите се дека во просек ќе биде 7,2. На светска сцена се променија работите. Стана пракса на три месеци да гледаме ревидирање на проекции. Сега живееме во период на кризи, рече Бесими.

Сепак, за време на вчерашната расправа пратениците од власта и опозицијата останаа со спротивставени ставови.

За пратениците од власта, со ребалансот се овозможува продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза. Според пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ, влијанието на ценовните притисоци врз домаќинствата ќе бидат неутрализирани преку зголемување на минимална плата и зголемување на пензиите.

Таа напомена дека проектираната годишна стапка на инфлацијата се очекува да биде 7,2 проценти, а како што рече, се очекува цените во втората половина на годината постепено да почнат да се стабилизираат.

Како што додаде, проектирани се повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните, а се поддржува потрошувачка и економска активност. Напомена дека се очекува економска стабилизација веќе при крајот на оваа година или на почетокот на наредната година.

Според пратеникот Бедри Фазли од ДУИ, во услови на енергетска криза и зголемување на цените на глобално ниво, одново реконструираниот буџет ќе обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на социјално загрозените граѓани, но и финансиска поддршка и ливкидност на компаниите.

Ставот на опозицијата пак, е дека овој ребаланс е директен доказ за тоа дека земјава е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена, во која на дневна основа се зголемува сиромаштијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг, и оти имаме највисока инфлација во последните 20тина година, огромен недостаток на домашно производство на електрична енергија, најнизок економски раст во регионот, но, и како што нагласија, најкорумпирана власт која за пет години успеала да уништи сиот институционален капацитет кој се создавал во минатото.

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во својата контрареплика напомена дека постои рекордно намалување на работно способно население во државата поради отселување и поради непријавување како активна работна сила. Како што напомена, постои историски невиден пад на економијата, а само оваа година се затвориле речиси 4.000 компании.

За ребалансот на буџетот за кој расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет почнува денеска, поднесени се вкупно 204 амандмани. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела 174 амандмани, Алијанса за Албанците 28, додека владејачката СДСМ доставила два амандмани.

Амандман најави и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со кој бара во ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ.

Собраниската расправа за ребаланс на Буџетот за 2022 година ќе продолжи денеска во 11 часот.

буџет Македонија ребаланс седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.