Единствениот советник Албанец избран преку листата на ДУИ во Ресен, од денес ќе ги претставува политиките на Движењето „БЕСА“.
Потпретседателот на „БЕСА“, Кастриот Реџепи на Фејсбук објави дека остварил средба со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и со единствениот советник Албанец во Советот на општината, Мемет Хоџа.
Потпреседателот Реџепи најавува дека единствениот албански советник во оваа општина кој е избран во листата на ДУИ од денес ќе ги претставува политиките на Движењето Беса.