Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдум на раздорот

0
By Светлана Јовановска on September 25, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 25, 2016 09:53

Европската унија (ЕУ) пред една недела го прифати барањето на Босна и Херцеговина за членство во европскиот клуб. Шефовите на европските дипломатии побараа од Европската комисија (ЕК) да го даде своето мислење за оваа кандидатура, поднесена во февруари 2016 година.

Но, оваа добра вест за Брисел ја расипува закажаниот референдум на Република Српска за денес, недела, 25 септември. На ова народно изјаснување граѓаните на овој дел од Босна и Херцеговина ќе треба да кажат дали се за или против 9 јануари да биде национален празник на Република Српска.

Но, на 26 ноември 2015 година Уставниот суд на Босна и Херецеговина одлучи дека изборот на Република Српска да го слави 9 јануари како национален ден, е неуставно.

На овој датум се прославува религиозен православен празник но на 9 јануари 1992 година, три месеци пред почетокот на војната во Босна и Херцеговина во која животите ги загубија 100.000 лица, беше прогласено постоењето на Република Српска.

Уставниот суд смета дека 9 јануари “ја нема симболиката на колективното сеќавање” и дека овој ден се однесува на само еден народ, Србите, во државата која е составена и од Хрвати и Муслимани.

Според последниот попис во 2013 година, од 3,8 милиони жители на Босна и Херцеговина, половина од населението се Босански муслимани, Србите претставуваат 30,8 отсто од населението а Хрватите се 17,4 отсто. Остатокот од населението се лица кои не се определиле за ниедна од групите или други етнички малцинства.

Во Република Српска 81 отсто од населението се декларирале како Срби.

Во текот на летото несогласувањата околу изборот на 9 јануари како национален празник на Република Српска ги крена тензиите помеѓу двата ентитети на Босна и Херцеговина – Република Српска и Федерацијата на Хрвати и Муслимани.

Уставниот суд пред една недела одлучи да го суспендира одржувањето на референдумот. Но, националистичкиот лидер на Република Српска Милорад Додик нема намера да се откаже од референдумот. И нема да застане само на денот за национален празник. Тој планира и референдум за независност на Република Српска.

republika-srpska

Советот за примена на мировниот договор од Дејтон од 1995 година, составен од претставници на меѓународната заедница, на 20 септември ја повика Република Српска да се откаже од референдумот. Ги повика и сите лидери на престанат со воена, заканувачка и националистичка реторика.

Само Русија не се согласи со овој заклучок на Советот а Владимир Путин го покани Додик на средба во Москва на 22 септември. Но, на средбата не станало збор за референдумот. За Путин средбата со Додик во Москва е доволна поддршка на Република Српска па оттука тој се воздржа од изјави со кои би охрабрил можен референдум за независност.

Србија, која засилено работи на доближување до ЕУ, засега игра конструктивна и неутрална улога. Српскиот премиер Александар Вучиќ пред неколку дена изјави дека е загрижен за иднината на Балканот доколку Србите и Босанците не успеат да го продолжат животот во една држава.

Воочи референдумот и по сета воена реторика која можеше да се слушне во Босна и Херцеговина во последните седмици, Делегацијата на ЕУ во Сараево одлучи да делкува како лексилиум.

ЕУ амбасадорот изјави дека “ситуацијата треба да се смири; сите во Босна и Херцеговина имаат право да ги одбележуваат своите празници”, изјави Ларс-Гунар Вигемарк.

Оваа изјава дојде речиси во исто време кога Сараево се закани дека Додик ќе биде уапсен за кршење на Уставот доколку референдумот се одржи.

Многумина предвидуваат дека тензиите ќе се смират по локалните избори закажани за другата недела.

Граѓаните на Република Српска треба денес да одговорат на прашањето: “Дали поддржувате 9 јануари да се одбележува и слави како Ден на Република Српска?”

Според изборниот список 1.219.399 граѓани ќе можат да гласааат од 7 до 19 часот. Резултатите треба да се објават најдоцна 48 часа по затворањето на гласачките кутии. Гласање е организирано и во странство – Србија, Австрија, Германија, Швајцарија, Белгија и Холандија во претставништвата на Република Српска во овие земји.

 

Република Српска референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.