Членовите на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ до Централниот комитет на партијата доставиле декларација за демократизација и модернизација на партијата.

Декларацијата се води под мотото „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“ и содржи осум принципи кои, како што велат од иницијативата, треба да бидат вметнати во измените на Статутот на ДПМНЕ.

– Принцип на слобода на мисла и говор,

– Принцип на рамноправност,

– Принцип на непосреден избор,

– Принцип на тајност во одлучувањето,

– Принцип на неспоивост на функции,

– Принцип на индивидуална одговорност,

– Принцип на личен интегритет и квалитет,

– Принцип на внатрепартиска солидарност.

Во декларацијата „реформаторите“ ги повикуваат и охрабруваат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во дебатата, слободно да размислуваат и да предлагаат решенија кои според нив ќе бидат поквалитетни од понуденото на еден човек.