Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реформите во Македонија засенети од лидерството на Груевски

0
By Нова ТВ on April 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бранот демократизација во Источна Европа за време на доцните 80-ти и 90-ти ја зафати и поранешна Југославија, каде што политичките места беа отворени за грабање по смртта на Јосип Броз Тито.

Во 90-тите беа одржани првите плурални, демократски избори во републиките по што следеа референдумите за независност. Македонија се оддели мирно од републиките на Југославија во 1991. Последна територија која прогласи независност на Балканот беше Косово во 2008 година.

Сите земји по режимите на Милошевиќ и Туѓман започнаа со реформи за влез во Европската унија. Од поранешните компоненти на Југославија, Словенија влезе прва во Унијата во 2004 година, а истото го направи и Хрватска во 2013.

Она што недостасува во политичките практики во регионот се одговорни влади, контрола, владеење на правото и слобода на говор. Непотизмот, неефикасна администрација и корупцијата се вообичаени и ги блокираат демократските процеси. Јавните средства се под контрола на политичките елити, а нивното влијание се чувствува и во медиумите, судството и безбедносните служби, пишува „Отворена демократија“.

Во текстот под наслов „Демократија, 25 години по Југославија“, се вели култот на политички лидер со неограничена моќ е присутен во случајот со Никола Груевски во Македонија, Мило Џукановиќ во Црна Гора, Александар Вучиќ во Србија и други, а јавноста речиси и да не учествува во политички одлуки.

Државите зависат од странскиот капитал и заеми, а земјите не се подготвени да одговорат на економските и социјалните кризи поради лошото управување и широко-распространетата корупција.

– Македонија мирно се оддели од Југославија по што следеше вооружениот конфликт помеѓу Македонците и Албанците кој заврши со Охридскиот договор. Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски дојдоа на власт со ветување за економска стабилизација на земјата и реформи, но како и другите екс-Ју лидери, името на Груевски е замешано во матна приватизација на Македонска банка, финансиски тајни зделки и огромни градежни проекти во земјата, се вели во текстот.

Сепак авторот нотира дека демократските процеси се засенети од нелегалното прислушување на граѓаните, притисокот врз медиумите и новинарите-критичари на власта и злоупотреба на судството и државните тела против политичките противници.

Во заклучокот од текстот се вели степенот на демократија е различен во секоја од земјите, но она што е заедничко за речиси сите се корупцијата, непотизмот, непочитувањето на медиумите и владеењето на правото.

– Иако направени се некои реформи, очигледно е отсуството на граѓаните од државата. Демократијата не е разбрана ниту од политичарите, ниту од гласачкото тело, се вели во текстот објавен на „Отворена демократија“.

Груевски демократија Југославија Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.