Во Токио денеска, четврти ден по ред, е потврден рекорден број новозаразени со коронавирусот.
Главниот град на Јапонија регистрира 11.227 нови случаи на ковид-19 за последните 24 часа, соопшти локалната власт, еден ден откако повторно воведе ограничувања за движење и за бизнисите кои ќе бидат во сила до 13 февруари.
Во последните 24 часа од ковид-19 починале три лица, а денеска е потврдено дека 12 пациенти се наоѓаат во тешка состојба, соопшти градската управа на Токио.