Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекордни 36 починати во Косово, Курти го свика Советот за безбедност

0
By НОВА ТВ on August 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 29, 2021 16:17

Во Косово изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 36 смртни случаи на заболени од Ковид-19, што е двојно повеќе од досегашните највисоки бројки од по 18 починати, забележани вчера и завчера, како последица на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во истиот извештаен период, уште 1.630 лица, од 11 илјади извршени тестирања, резултирале позитивни на коронавирусот, додека како излекувани се евидентирани нешто повеќе од 800 пациенти.

Според официјалните статистики на Министерството за здравство на Косово, во земјата моментно има 26.575 активни заразени од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата вирусот е откриен кај повеќе од 140 илјади лица, од кои, вклучително денешните случаи, умреле 2.457 заболени.

Поради енормниот пораст на бројот на починати и новозаразени од Ковид-19 во последно време, косовскиот премиер Албин Курти денеска го откажа учеството на Европскиот форум Алпбах 2021 во Австрија и свика итна седница на Советот за национална безбедност на Косово.

Веста ја објави премиерскиот кабинет, кој соопшти дека седницата е свикана за попладнево, а точното време на нејзиното одржување ќе биде објавено дополнително.

Косовската влада вчера донесе одлука, кој стапува во сила утре, 30 август, за заострување на мерките за спречување на ширењето на пандемијата, со кои, меѓу другото, по подолго време се воведува полициски час, односно забрана за движење на граѓаните од 22 до пет часот наутро.

Исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во наредниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Кабинетот на Курти вчера одлучи и да го одложи почетокот на учебната година за основците и средношколците до 13 септември, а до наредната одлука на Владата остануваат во сила забраните за организирање свадби и други семејни веселби, како и ученички и студентски екскурзии и матурски вечери.

При влез во Косово потребно е да се приложи сертификат за вакцинација со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата кои не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација, или за напуштање на земјата во рок од три часа.

Албин Курти Коронавирус Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.