Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски: Ако Иванов не потпише, Уставен е обврзан да поведе постапка

0
By Соња Петрушевска on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кон крајот на наредната недела, пратениците повторно ќе гласаат за ратификација на Договорот со Грција, откако шефот на државата денеска изјави дека нема да го потпише указот за негово прогласување.

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски потсети дека по повторното гласање на Законот, претседателот е должен да го потпише согласно член 75 од Уставот.

Ременски вели дека доколку претседателот одлучи да не го потпише и по вторпат Договорот, тој свесно го крши Уставот и ќе го наруши правниот и политичкиот систем во државата, и сериозно се меша во надлежностите на Законодавниот дом, за кој, како што рече, нема право.

-Поради сето ова, ваквото однесување на претседателот може да биде предмет на правни лекови во Собранието, тука мислам на импичментот, но и Уставниот суд и други надлежни институции имаат право, но и обврска да поведат постапки, рече Ременски.

Ременски му реплицира на шефот на државата и во врска со неговиот став дека „спогодбата ја доведува Македонија во положба на потчинетост спрема друга држава, што е кривично дело според член 308 од Кривичниот законик“.

„Прашањето може да го поставиме и вака: Дали претседателот, ставајќи се во интерес на други центри на моќ, не станува кочничар на евроатлантската иднина на земјата и нели, може овој член да се однесува и на Претседателот на републиката, рече Ременски.

Претседателот на државата Иванов одби да го потпише Указот за прогласување на Договорот со Грција, зашто спогодбата била спротивна на Уставот.

#Уставен Договор Иванов Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.