Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов не го потпишува Указот за ратификацијата на Договорот

3
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 09:42

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, соопшти неговиот Кабинет.

-Врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 20 јуни 2018 година, се вели во писмото од Иванов со кое ја соопштува неговата одлука.

Според Иванов, причините поради кои не го поштишува Указот се:

-Немам мандат да го потпишам Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба. Еден од столбовите на мојата политика во изборната програма од 2014 година е дека „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.“ На претседателските избори 534.910 граѓани гласаа за оваа моја изборна програма и ме избраа на функцијата Претседател на Република Македонија.

-Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за „разлика околу името на државата„, а не за „разлики“ како што зборува оваа спогодба.

-Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Според член 118 од Уставот на Република Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок.

-Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија.

-Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.

Притоа од Кабинетот на Иванов сметаат дека „озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело“.

Потписот на Иванов не е неопходен

По ратификацијата на Договорот во македонското Собрание, МНР ја извести Атина, а вчера Грција ги испрати писмата со согласност до НАТО за членство на Македонија  и до ЕУ за почеток за одобрување на старт за преговори за членство, како што е предвидено во членот 6 од Договорот.

Во Договорот никаде не е наведено дека законот за ратификација треба да биде објавен во Службен весник за што е неопходен потписот од Иванов.

Договорот ќе стапи на сила дури откако за него ќе се изјасни и грчкиот парламент а тоа ќе се случи откако Македонија ќе ги направи и предвидените измени во Уставот. Според тоа во оваа фаза  потписот на Иванов нема позначајна релевантност.

Инаку можните опструкции на Иванов биле предвидени при изработката на текстот на Договорот така што наместо да стои дека е потребно објавување на законот за ратификација во Службениот весник искористена е формулацијата дека Македонија ќе ја извести Грција за тоа дека законот за ратификација добил зелено светло во Собранието.

Договор Иванов ратификација указ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 21, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

ВЕСТИ June 21, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да го „преземат“ Ормускиот теснец доколку…

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.