Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски пола година без одговор по пријави против Јанкуловска и Аврамовски

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2019 10:16

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски сè уште чека одговор по кривичната пријава до Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) што ја поднесе во мај против поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и екс заменик директорот на Управата за безбедност и контраразузнување (УБК), Сиљан Аврамовски за непочитување на законските одредби за пензионирање, пренесува мкд.мк.

Со индициите за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење во службата, Ременски вели дека се запознала преку пошта од анонимно лице во февруари оваа година, наведува порталот. Како член на собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање (АР), таа, за случајот, ги запознала и надлежните овластени лица – Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, и Весна Доравеска, помошник министер за правни и кадровски работи во МВР.

„Ова е важно и за утврдување дали станува збор за овластен, односно неовластен пристап до доверливи информации и дали лицето извршува работи и издава наредби на вработени во Управата од позиција на лице кое нема законски основа да извршува такви работи“, е наведено во пријавата.

Состанокот на комисијата за надзор над работата на УБК на која се разгледувале годишните извештаи се одржала на 23 мај, а присуствувал и тогашниот директор на УБК, Горан Николовски, кој, исто така, бил запознат со сомнежите за сторено кривично дело.

За време на увид на собраниска Комисија во јуни 2018 година, покрај раководството на Управата бил присутен и Сиљан Аврамовски кого тогашниот директор на УБК, Горан Николовски го претставил како „лице одговорно за операции“. На прашањето на пратеничката Благица Ласовска, која е член на Комисијата, дали во Управата има ангажирано лица што се пензионери, Николовски дал негативен одговор.

Аврамовски, како заменик директор на УБК, е пензиониран на 31 мај во 2014 година со решение потпишано од министерката Јанкуловска. Но, исто така, со потпис на Јанкуловска тој „противправно останал на работното место заменик директор на УБК при МВР до неговото конечно пензионирање на 31 октомври во 2017 година и спротивно на законот бил корисник на основна плата и други додатоци на плата цели три години“, стои во пријавата.

Освен до ОЈО, Ременски за случајот поднела пријава и до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од каде велат дека за предмет бараат дополнителни документи од МВР.

Гордан Јанкуловска ОЈО пријава Сиљан Аврамовски Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.