Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Решенија за заштита од ковид-19: Хартија за печење, градници, пелени како маски

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 13:30

Луѓето низ целиот свет изнајдоа креативни начини да се справат со недостигот од маски и да направат свои за да се заштитат себеси и другите од новиот коронавирус. Додека Светската Здравствена Организација (СЗО) вели дека само луѓе со симптоми или оние кои се грижат за пациенти со ковид-19 треба да носат маски, некои земји, меѓу кои Израел и Чешка, воведоа обврска за задолжително носење маски преку носот и устата во одредени околности.

Фабриките се трудат да произведат најмалку 20 пати повеќе заштитни маски дневно за да ја задоволат екстремно зголемената побарувачка, но според Комисијата за Национален развој и реформи во Кина, маските може да бидат многу тешки и скапи за производство. Поради недостаток, цените на заштитните маски се зголемија и до десетпати, а има голем број пријавени случаи на лажни провајдери на пазарот.

Поради тоа, луѓето станаа многу креативни во изнаоѓање на начини за правење маски од рачно производство. Кинеските „нетизени“ на Веибо постираат слики на луѓе кои за да направат маски користат крпи, пелени и овошја пресечени на пола. Во меѓувреме, Твитер има серија постови на луѓе од САД до Индија кои даваат инструкции како сами да си сошиете или да си направите заштитни маски.

Италија: хартија за печење

Фото: twitter

Италијанската новинарка Барбара Паломбели им покажа на сограѓаните како самите да направат маска дома со користење на хартија за печење. Нејзиниот креативен туторијал беше емитуван на италијанската телевизија.

Велика Британија: пластични кутии

Фото: twitter

Оваа Британка е сликана како носи пластична кутија врз глава додека се вози во јавен транспорт.

Куба и Јапонија: градници и марамчиња

Фото: printscreen

Кубанците и Јапонците изнаоѓаат неконвенционални начини за изработка на заштитни маски од марамчиња и градници со ластик поради недостаток на заштитна опрема.

Хонг Конг: пластични шишиња

Дел од жителите на Хонг Конг носат пластични шишиња за вода на глава како форма на заштитна опрема поради недостаток на заштитни маски во градот.

Филипини

Фото: twitter

Луѓето на Филипините како заштитни маски користатат пелени, долна облека и вреќи за ѓубре. Земјата исто така беше соочена со недостаток на заштитни маски во време на ерупцијата на вулканот Таал во средината на јануари, така што Филипинците уште пред избувнувањето на коронавирусот веќе си изработуваа маски дома.

Домородни племиња во Амазон со листови од банана

Фото: twitter

Домородните племиња во амазонската џунгла во Перу, кои немаат добиено владина помош, се заштитуваат со маски направени од листови од банана. Листовите прво ги мијат, а потоа ги ставаат на оган да омекнат.

„Ги користиме за да се заштитиме од болеста која е раширена во цел свет. Користиме листови од банана за да се заштитиме од вирусот“, изјави Јулио Кусуричи, лидер на федерација на домородни заедници во регионот Мадре де Диос во Перу, за агенцијата АФП.

„Досега немаме добиено никаква помош од владата. Залихите од храна се намалуваат, нема пари за нафта, ниту за шеќер, а уште помлаку за маски“, додава тој.

Кенија: отпадоци, лисја и зеленчук

Фото: twitter

Во меѓувреме, објави на Твитер на кои се гледа како Кенијците користат лисја и рециклиран материјал како заштитни маски за лице само го илустрира недостатокот на медицинска опрема во оваа западноафриканска земја во време на корона-пандемија.

Градници Заштитни маски Ковид-19 овошје пелени пластични шишиња решенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.