Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија: ДИК исплаќала надоместоци без комплетни документи

0
By Sashko on July 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизија на усогласеност на Државната изборна комисија (ДИК) на сметката на основен буџет за 2019 година. Ревизорите притоа изразија неповолно мислење во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи, за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, за упатствата и за воспоставените политики.

Ревизорите извршија ревизија и на одобрените средства за изборните активности во 2019 година, за спроведените избори за претседател на државата и за предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар.

– Ревизорите утврдија дека од вкупно 80 ОИК, до ДИК не се доставени извештаи за работа од 25 ОИК, односно 31 отсто, иако е обврска согласно Изборниот законик, врз основа на кој се пресметува и исплаќа надоместокот за извршениот ангажман. Во однос на исплатата на парични средства за тековни трошоци кои настануваат во врска со извршување на изборните активности на секоја општинска изборна комисија, ревизорите констатираа дека се извршени исплати на средства кај дел од ОИК без соодветна и комплетна финансиска документација, стои во соопштението од ДЗР.

За спроведување на изборите за претседател и за предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар во 2019 година, за лицата кои се членови во Избирачките одбори (претседател, членови и нивни заменици) исплатени се вкупно 133 милиони денари, врз основа на донесена одлука. Овие средства, како што се наведува, се исплатени врз основа на податоци внесени од страна на општинските изборни комисии за исплата на надоместокот за избирачките одбори.

– Ревизијата не беше во можност да изврши споредба на податоците внесени од страна на ОИК со податоците од одлуките за исплата на надоместоците изготвени од страна на ДИК, заради непрезентирани и незачувани податоци во веб апликацијата (електронски или во хартиена форма), се вели во соопштението.

Дополнително, ревизорите утврдиле дека за вкупно 154 лица ангажирани во помошните тела и лица вработени во стручната служба на ДИК, се исплатени средства во вкупен износ од пет милиони денари. Со извршената анализа на исплатата на надоместокот по овој основ, утврдено е дека надоместокот за работни компетенции и работна успешност, како дел од вкупниот надоместок, е исплатен врз основа на критериуми кои не се квалитативно определени и мерливи.

Со извршената ревизија на редовното работење, ревизорите утврдија дека ДИК нема извршено попис на средствата и извори на средствата, согласно законските и подзаконските акти, што има за ефект неможност од потврдување на реалноста и објективноста на искажаните состојби на средствата и нивните извори и намалување на квалитетот на финансиските извештаи и информациите што ги даваат.

Во делот на спроведување на постапките при доделување на договорите за јавни набавки, во ревизорскиот извештај се наведува дека, воспоставениот начин на спроведување на постапките со преговарање без објавување на оглас не овозможува еднаков третман и конкуренција помеѓу економските оператори.

– Во делот на ревизорскиот извештај кој се однесува на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет, обелоденети се состојби кои може да предизвикаат идни финансиски импликации и влијание врз работењето на ДИК, а кои се однесуваат на процесот на спроведување и реализација на постапките за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК и набавка на телевизори кои ќе овозможат приказ на резултати од избори во надворешни услови за заштита и одржување на растојание поради ковид-19, кои ДИК ги има спроведено за потребите на спроведување на предвремените парламентарни избори во 2020 година, се наведува во соопштението.

Дик документи Извештај Критериуми Македонија ревизија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.