Стојанче Рибарев, в.д. претседателот на Кривичниот суд денеска на состанок со сите судии ја образложува ситуацијата за претресот на Специјалното јавно обвинителство во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието и за работните групи од Министерството за правда.
Состанокот беше закажан за во 11 часот. Не се знае дали на состанокот ќе биде донесен некаков заклучок, а од Судот најавија соопштение до јавноста по состанокот.
Според изјавата која во четвртокот пред судот ја даде специјалната обвинителка Катица Јанева, Панчевски се сомничи за злоупотреба на АКМИС системот кој се користи за компјутерско распоредување на случаи и оддавање службена тајна.
Предистражната постапка се води во насока на утврдување дали Панчевски го злоупотребувал системот за распределба на предмети АКМИС, односно дали местел предмети.