Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рочиште за случајот Ахмети и Џафери против Богоевски за Маѓар Телеком

0
By Нова ТВ on September 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска продолжува судењето за клевета против екс-разузнавачот, Слободан Богоевски, поднесена од страна на Али Ахмети и Муса Џафери.

Проблем за Судот е тоа што не може да се утврди надлежноста на предметот бидејќи екс-разузнавачот, Богоевски изјавата за Маѓар Телеком ја дал за потребите на Судот во САД.

Сега треба да се разгледаат основите на тужба поднесена од партиските функционери на ДУИ, но и страната на одбраната која тврди дека Богоевски исказот го дал за потребите на друг суд.

Во август 2015, СЕК го отвори за јавноста исказот на Богоевски даден во рамки на постапката која се води против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи пред судот во Њујорк.

Според објавеното, Богоевски тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2,5 милиони евра.

Претходното рочиште требаше да се оржи на 4 јули, но беше одложено.

Тогаш требаше да сведочи нотарот пред кого Богоевски ја дал спорната изјава која за тужителите е клевета.

Нотарот, Сашо Клисаровски како и адвокатот се повикаа на забраната за изнесување информации од заверената изјава на Богоевски односно дека не смеат да изнесуваат во јавност детали поврзани со изјавата на Богоевски пред Њујоршкиот суд.

Одбраната на Богоевски и тогаш реагираше зошто Основниот суд Скопје 2 се уште се нема произнесено околу спорната надлежност на Судот за овој предмет.

Лидерот на ДУИ, од Богоевски бара три милиони денари, додека Муза Џафери 2,5 милиони денари.

Ахмети клевета Маѓар Телеком Слободан Богоевски џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.