Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родители од Македонија со 38-годишен Белгиец склучиле договор за брак со нивната 14-годишна ќерка

0
By Соња Крамарска on May 17, 2022 ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгискиот државјанин Л.Д.С. склучил договор со Е.А. и Ф.Б. родители на 14-годишно девојче, да стапи во брак со неа, јави Министерството за внатрешни работи.

Во информацијата од МВР се наведува дека намерите на Белгиецот, биле за сексуална експлоатација на младата девојка која сеуште немала наполнето ни 14 години.

За да ја оствари својата намера да ја однесе малолетничката во Белгија, белгискиот државјанин чие полно име и презиме не се објавува, престојувал во Македонија во повеќе наврати. За да ја помине границата на девојчето му требале лични документи, за кои Белгиецот им дал на родителите, како што вели МВР, околу 2.500 евра, а во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија  на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.

Полицијата ги фатила родителите и вчера со наредба на Основен кривичен суд Скопје е извршен претрес во нивниот дом во Струга каде што тие привремено престојувале. Притоа биле обезбедени докази за кривичното дело, додека пак Белгиецот Л.Д.С. бил фатен на Меѓународниот аеродром во Скопје, претресен и уапсен.

Вчера Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до обвинителството поднесе кривична пријава против злосторничката тројка Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, за сторено кривично дело „трговија со дете“. Денеска сите тројца ќе бидат распрашана и од судија.

Белгиец Македонија малолетничка присилен брак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.