Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите на загинатите од Пулс: Системот сам се штити – условни пресуди за системски пропусти со фатални последици

0
By Zoran Ivanov on May 5, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 5, 2026 19:04

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира на изречените условни казни за злоупотреба на службена должност, посочувајќи дека ваквата судска пракса е во спротивност со законските одредби и тежината на последиците

Според нив, законската рамка предвидува казни затвор од шест месеци до десет години, во зависност од тежината на делото. Сепак, во конкретниот случај, и покрај утврдената вина, судот изрекол условна казна, без ефективно издржување затвор.

Станува збор за систем што со години дозволувал незаконитости, чие непостапување создало услови за трагедија во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, наведуваат од здружението.

Оттаму оценуваат дека постои сериозен несразмер меѓу утврдената вина и судската санкција, што, како што велат, претставува минимизирање на одговорноста.

Ова не е правда, туку формалност. Испратен е јасен сигнал дека системот се штити сам себе, наместо да се соочи со сопствените пропусти, додаваат тие.

Здружението апелира до повисоките судски инстанци да ја преиспитаат пресудата и да обезбедат санкции што ќе бидат во согласност со тежината на последиците.

Бараме одговорност без компромис, за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле кон вакви последици. Без тоа, правдата останува само збор, порачуваат од „16-ти Март 2025“.

Кочани полицајци пресуди пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.