Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роналдо го „прегази“ Ибрахимовиќ, сега цели кон рекордот на Роби Кин

0
By Нова ТВ on October 9, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 9, 2016 13:21

Звездата на Реал Мадрид дојде до 65. гол за Португалија. Во Европа, пред него се само Роби Кан (68), Клосе (71) и Пушкаш (84).

Да се постигнат четири гола против Андора не е подвиг за историја, но за Кристијано Роналдо „покерот“ во дуелот со аутсајдерот (6:0) во Авеира му помогна да испише нови златни страници во биографијата. Асот на Реал Мадрид во мечот од второт коло на квалификациите за СП 2018, стигна до 65. „рецка“ во репрезентативниот дрес, па на вечната листа на стрелци во Европа го престигна Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ (62) и се стреми кон трето пласираниот Роби Кин од Република Ирска (68).

neymar-apuesta-por-cristiano-ronaldo-como-futuro-balon-de-oro

 

Тие двајца веќе не можат да го поправат учиникот, бидејќи се збогуваа од играњето за националниот тим, што многу порано го стори и актуелниот вицешампион, Германецот Мирослав Клосе (71). Убедливо најдобар голгетерски резултат го има легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш, чии 84 голови и натаму делуваат недостижно за Роналдо, кој во февруари наполни 31 година.

maxresdefault
Ференц Пушкаш

Од друга страна, на Кристијано никој не му дише во врат од активните фудбалери, а најблиску е Англичанецот Вејн Руни (53), кој најави крај на репрезентативната кариера после СП 2018 година и Холанѓанецот Робин Ван Перси (50), кого актуелниот селектор Дени Влинд засега не го повика во А тимот во тековниот циклус.

„Секогаш давам се што можам кога играм за Португалија, но не мислам дека сум побитен од останатите репрезентативци“, истакна Роналдо на кого ова му беше четврти хет-трик во најдрагиот дрес, во 134 настапи.

Што се однесува до светската листа на најдобри стрелци во дресот на репрезентацијата, тука уште којзнае колку време нема да има смена на врвот. Неприкосновениот број еден е Иранецот Али Даи (47), кој од 1993 до 2006 година, дури 109 пати ја тресеше мрежата на ривалот, а одигра 149 натпревари.

MUNICH, GERMANY - OCTOBER 29: 1. BUNDESLIGA 00/01, Muenchen; TSV 1860 MUENCHEN - HERTHA BSC BERLIN 0:1; JUBEL Ali DAEI/HERTHA (Photo by Danny Gohlke/Bongarts/Getty Images)
Али Даи

На јужноафриканскиот континент, од активните играчи најефикасен во дресот на репрезентацијата е Аргентинецот Лионел Меси со 56 голови, а зад него е пет години помладиот Бразилец Нејмар со 49. На третата позиција е уште еден офанзивец на Барселона, Луиз Суарез од Уругвај, со 46 погодоци.

 

СВЕТ

1.Али Даи (Иран) 109

2.Ференц Пушкаш (Унгарија) 84

3.Кунишиге Камамото (Јапонија) 80

4.Хусеин Саед (Ирак) 78

5.Пеле (Бразил) 77

 

ЕВРОПА

1.Ференц Пушкаш (Унгарија) 84

2.Мирослав Клосе (Германија) 72

3.Роби Кан (Ирска) 68

4,Кристијано Роналдо (Португалија) 65

5.Златан Ибрахимовиќ (Шведска) 62

 

АКТИВНИ

1.Кристијано Роналдо (Португалија) 65

2.Вејн Руни (Англија) 53

3.Робин Ван Перси (Холандија) 50

4.Един Џеко (БиХ0 47

5.Мајкл Мисфуд (Малта) 40

 

https://www.youtube.com/watch?v=kUD-OqS7jtk

 

 

Кристијано Роналдо Лионел Меси Мирослав Клосе најдобри стрелци Нејмар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.