Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот до македонските граѓани: Уште малку трпение да почувствувате дека ЕУ е со вас

0
By Нова ТВ on March 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот истакна дека со новата методологија успеале да ги убедат и скептиците во потребата за старт на преговите и изрази надеж дека наредната недела ЕУ „ќе може да испорача и во услови на паника од коронавирусот“.

„Ве молам за уште малку трпение и луѓето во Северна Македонија да почуставуваат дека ЕУ е со нив, додаде Рот на денешната видео прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Рот ја нагласи потребата на ЕУ за одлука за почеток на преговори со земјава и со Албанија, додавајќи дека е оптимист оти следната недела лидерите на членките на Унијата ќе дадат зелено светло.

„Вашата земја испиша историја и со Преспанскиот договор испрати сигнал до целиот свет, до цела Европа, дека помирувањето е можно. Вие направивте храбри чекори, го променивте вашето име и развивте добрососедски односи со Бугарија. Конфликтот меѓу Грција и Северна Македонија можеше формално да биде решен и знам дека многу многу луѓе во вашата земја критички гледаа на тоа, па затоа Европската Унија треба да стои на своето ветување“, рече Рот.

Државниот министер на Германија за Европа ја искористи приликата за јавна пофалба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и другите претставници на поранешната Влада кои ги нарече „храбри личности“, кои „со многу храброст, многу волја и истрајност“ создадоа услови земјата да се најде пред добивање одлука за страт на преговорите. Нагласи оти е свесен за разочарувањето во земјава што го предизвикаа ланските одлуки за одложување на почетокот на преговарачкиот процес, но дека Владата на земјава, сепак, решително ги продолжи потребните реформи.

„Продолжите понатаму. Не дозволивте да ве поведат национални тонови, кои што ги има и во вашата земја“, рече Рот, додавајќи оти мора да се соработува за европската перспектива, па затоа ги охрабрува сите граѓани „да ги поддржат оние кои го даваат придонесот за таа перспектива“.

Покрај изразената надеж дека наредната недела ќе има одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во Европската Унија (ЕУ), двајцата се осврнаа и на актуелната состојба со коронавирусот и се согласија дека Европа мора да покаже солидарност во борбата против Ковид-19 за кого Рот вели „нема национален идентитет, па затоа човештвото треба заедно да се справи со него“.

Рот истакна дека сите граѓани на земјава треба да знаат оти не се оставени сами во справувањето со коронавирусот.

„Сега сме обврзани на солидарност. Вирусот нема национален иденетитет и човештвото треба заедно да ја намине пандемијата, при што посилните треба да им помогнат на послабите“, рече Рот на заедничката видео прес-конференција со Димитров.

Рот нагласи дека приоритет на секоја земја е да ги заштити своите граѓани, при што мора да се води сметка за економските последици од пандемијата на Ковид-19 и да се обезбеди луѓето да не се плашат од болеста. Притоа истакна дека земјава презела конкретни мерки во справување со коронавирусот, од кои некои се спроведуваат и во Германија и во други земји и изрази надеж дека тие ќе придонесат „да останеме здрави и да ја сопреме пандемијата“.

Германскиот министер најави дека Берлин како поддршка за Светската здравствена организација (СЗО) ќе издвои 50 милиони евра помош, нагласувајќи притоа дека ЕУ треба да ја зголеми техничката поддршка за земјите од Западен Балкан.

„И кај нас има недостиг на техничка опрема, но луѓето каде и да живеат во Европа треба да останат здрави или да оздрават“, изјави Рот, додавајќи дека голем проблем претставува враќањето дома на луѓето кои се заглавени во други земји, поради што е потребна соработка меѓу сите држави.

Димитров, од своја страна, порача дека пандемијата на Ковид-19 за само неколку дена го врати со децении наназад досегашниот светски поредок на тотална глобализација, поради што потребно е да се демонстрира пошироко европско заедништво и солидарност.

Шефот на дипломатијата повика земјите од регионот на Западен Балкан да бидат вклучени во сите платформи на Унијата за справување со вирусот и побара од ЕУ да ја разгледа можноста за пренасочување на средства од ИПА фондовите за справување со социо-економските последици од пандемијата.

Димитров, исто така, апелираше на солидарност и помош меѓу државите во справување со проблемот со граѓаните заглавени по аеродроми и меѓуграничните простори, при што потенцираше дека и покрај сите ограничување за патувањата, останува гарантиран слободниот премин на стока и движење на превозниците.

„Генерално, време е да покажеме европска солидарност“, нагласи Димитров.

Во однос на средбата на Советот за општи работи и Самитот на ЕУ, најавени за наредната недела, на кои се очекува да се даде зелено светло за старт на преговорите за членство со земјава и со Албанија, Димитров истакна дека донесувањето на таква одлука би било многу важно да се покаже дека и во услови на пандемија „можеме да се занимаваме со други работи“.

ЕУ Коронавирус Македонија Михаел Рот Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.