Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија изврши масовен напад врз Украина со дронови и со ракети – генераторите ечат по замрзнатите улици на Кијив

0
By Zoran Ivanov on January 13, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 13, 2026 20:54

Русија истрелала речиси 300 дронови, 18 балистички ракети и седум крстосувачки ракети кон осум региони, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.

Русија во текот на ноќта изврши втор голем бран напади со дронови и со ракети врз Украина во рок од четири дена, соопштија владини претставници во вторникот, повторно насочувајќи се кон електроенергетската мрежа во услови на екстремно ниски температури, објави „Асосиејтед прес“.

Нападот се смета за јасна порака на игнорирање на напорите за мир предводени од САД, во време кога руската инвазија врз соседната земја се приближува кон четвртата година.

Русија во текот на ноќта истрелала речиси 300 дронови, 18 балистички ракети и седум крстосувачки ракети кон осум региони, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.

Еден од ударите во североисточниот регион Харков усмртил четири луѓе во магацин на поштенска служба, а неколку стотици илјади домаќинства останале без електрична енергија во регионот на Кијив, изјави Зеленски.

Дневната температура во Кијив, кој повеќе од две недели е изложен на силен студ, изнесувала минус 12 степени Целзиусови, со улици покриени со мраз и со постојан звук на генератори што се слушал низ целата престолнина.

Кијив со денови се соочува со сериозен недостиг од електрична енергија, а градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека нападите во понеделникот навечер предизвикале најголем електричен прекин што градот го доживеал досега.

Повеќе од 500 станбени згради и натаму биле без централно греење во вторникот. Низ градот, оголените дрвја биле натежнати од мразулци, а снегот бил натрупан покрај тротоарите. Пријатели и роднини се собирале во станови кои сè уште имале струја или топла вода, барем привремено, за да ги наполнат телефоните, да се истушираат или да испијат топол пијалак.

Кличко нареди градот да обезбеди по еден топол оброк дневно за најзагрозените жители. Тој најави и бонуси за работниците во водоводните, грејните и на патните служби, кои работат „дење и ноќе“ за да ја обноват клучната инфраструктура.

Четири дена претходно, Русија, исто така, испрати стотици дронови и десетици ракети во масовен ноќен напад и, по само вторпат во војната, употреби нова моќна хиперсонична ракета која ја погоди западна Украина. Нападот се смета за јасно предупредување до сојузниците на Украина во НАТО дека Москва нема да се повлече.

Во понеделникот, САД ја обвинија Русија за „опасна и необјаснива ескалација“ на борбите, во момент кога администрацијата на Трамп се обидува да ги унапреди мировните преговори.

Заменик-амбасадорката на САД во Обединетите нации, Тами Брус, на вонредна седница на Советот за безбедност изјави дека САД се длабоко загрижени поради, како што рече, „загрижувачкиот број цивилни жртви“ во Украина и остро ги осуди сè поинтензивните руски напади врз енергетската и критичната инфраструктура.

Според украинските власти, Москва со ваквите удари систематски се обидува да им го ускрати греењето и пристапот до вода за пиење на цивилите за да го ослабне отпорот на населението кон руската инвазија започната на 24 февруари 2022 година — стратегија што Киев ја нарекува „вооружување на зимата“.

Во последните напади, во регионот Харков биле ранети уште 10 луѓе, додека во јужниот град Одеса шестмина се повредени, а оштетени се болница, градинка, образовна установа, енергетска инфраструктура и бројни станбени објекти.

Според Обединетите нации, 2025 година била најсмртоносна за украинските цивили од почетокот на војната, со 2.514 загинати и 12.142 повредени — пораст од 31 отсто во однос на 2024 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара побрзи испораки на системи за противвоздушна одбрана од САД и од Европа, додека Москва соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 11 украински дронови, а Киев потврди дека погодил фабрика за производство на беспилотни летала во рускиот град Таганрог.

 

напад Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.