Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија врз украинскиот главен град – Украина врз руска нафтена инфраструктура

0
By Zoran Ivanov on November 29, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 29, 2025 13:54

Според Зеленски, руските сили преку ноќ испукале околу 36 ракети и речиси 600 дронови, јавува „Блумберг“.

Украински напади оштетија инфраструктура за извоз на нафта на руското крајбрежје на Црното Море

Украинска делегација се наоѓа во САД каде треба да продолжат преговорите

Руските сили ноќеска ја нападнаа украинската престолнина со масовен ракетен напад, при што загинаа најмалку три лица и беа предизвикани големи прекини во снабдувањето со електрична енергија, додека САД вршат притисок врз претседателот Володимир Зеленски да се согласи на отстапки во речиси четиригодишната војна.

Одделно, украински напади оштетија инфраструктура за извоз на нафта на руското крајбрежје на Црното Море, што доведе до прекин на товарењето и предизвика пожар во рафинеријата Афипски во регионот Краснодар.

Според Зеленски, руските сили преку ноќ испукале околу 36 ракети и речиси 600 дронови. Главни цели на нападот беа енергетската инфраструктура и цивилните објекти, со големи оштетувања и пожари во станбени згради, напиша тој на X.

Покрај загинатите, најмалку 29 лица беа повредени, од кои 19 хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм. Сирените за воздушен напад во градот траеле 12 часа, а половина милион луѓе останале без струја рано во саботата.

Во регионот Краснодар на руското крајбрежје на Црното Море, во нападите „значително се оштетени“ едно од трите извозни пристаништа на терминалот на Каспискиот нафтоводен конзорциум, чија понатамошна работа „не е возможна,“ соопшти операторот. Сите товари за главната извозна рута за казахстанска нафта и дел од руската се стопирани

Русија продолжува со редовни напади врз украинската енергетска инфраструктура и цивилни цели, вклучувајќи станбени објекти, предизвикувајќи масовни прекини на струја низ земјата во обид да ја поткопа моралната сила пред зимата. Украина пак таргетира руски рафинерии и други енергетски капацитети за да го намали приливот на пари во Москва за финансирање на војната.

Претседателот на САД Доналд Трамп врши притисок врз Кијив да направи отстапки кон Москва за да се стави крај на борбите. Украинска делегација е во САД овој викенд за понатамошни разговори околу мировен план и се очекува да се сретне со специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, во Флорида. Виткоф исто така треба да предводи американска делегација за разговори во Русија следната недела.

Додека сите дискутираат точки од мировни планови, Русија продолжува да го спроведува својот воен план од две точки: да убива и уништува, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на X. Рускиот претседател Владимир Путин сака да ја продолжи војната по секоја цена, додаде тој.

Во моментот на експлозијата на руското пристаниште системите за итна заштита обезбедиле затворање на релевантните нафтоводи и не истекла нафта во Црното Море, соопшти операторот. Бидејќи едно пристаниште експлодирало, а друго е во планиран ремонт, може да се продолжи со товарење само од преостанатото трето пристаниште, со капацитет од околу 800.000 барели дневно.

Одделно, напади со дронови предизвикаа пожар во рафинеријата Афипски, оштетувајќи неопределена техничка опрема. Пожарот бил изгаснат пред пладне, соопштија регионалните власти. Рафинеријата, една од помалите во Русија, има капацитет за преработка до 9,1 милион тони сурова нафта годишно, или околу 180.000 барели дневно. Таа претходно беше нападната во септември.

Други области на Украина кои беа под напад ноќеска се регионите Чернихив, Суми, Полтава и Харков, соопшти енергетското министерство.

Повеќе од 500.000 потрошувачи во престолнината, како и 100.000 во поширокиот регион на Кијив и 8.000 во регионот Харков, останале без електрична енергија во саботата, со закажани часовни прекини на струја низ сите региони и други ограничувања на потрошувачката.

Југозападниот руски регион Волгоград претрпе напад што оштети неколку станбени згради и повреди пет лица, според регионалниот гувернер Андреј Бочаров. Неколку станбени згради беа оштетени и во Таганрог, во јужниот руски регион Ростов, според регионалниот гувернер Јуриј Сљусар, извесува „Блумберг“.

напади ракети рисија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.